Peugeot 408 лебдеше и на салонот во Париз

Околу настапот на Peugeot на домашен терен, на салонот во Париз, речиси и не постоеше неизвесност, околу тоа дали марката има вредни новини да ги прикаже пред светот и дали тие новини уште му се важни на автомобилскиот свет. Новитети има три, сцената не помни дека Peugeot во последниов половина век бил во подобра форма.

Голем интерес за трите светски премиери на Peugeot на салонот во Париз, којшто се одржува по четири години мирување, а воедно и поздравување од јавноста за ангажманот на марката во напредувањето во ерата на електромобилноста.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја посети „куќата на лавот“, во придружба на извршниот директор на концернот Stellantis, Поргугалецот Карлос Таварес, на претседателот на Stellantis, Џон Елкан, пулен на кланот Ањели, како и на првата дама на марката Peugeot и воопшто една од највлијателните дами на автомобилската сцена, Линда Џексон. Посетата од највисок ранг траеше долго и главно се зборуваше за иднината на мобилноста.

Новиот Peugeot 408 го привлекуваше вниманието уште од самиот влез во Хала 4, каде што примерок од фастбекот лебдеше поставен во проѕирна топка. Овој спектакл беше сосем за очекување, имајќи предвид дека уште во август беше извршена „генералната проба“ со истата конфигурација пред Лувр. Сето тоа е во чекор со мотото на моделот – очекувај го неочекуваното. Менаџерите на марката оценија дека светот треба да го види „408“ од сите агли, како автомобил што внесува сосем нов каросериски стил на сцената.

https://photos.app.goo.gl/tdfFFRCQeiKBF22d8

Peugeot 208 е „205“ на денешницата, а реално и „206“ на денешницата, кој останува најпродаван модел на Peugeot во историјата. Интересот за безкласниот модел останува нечепнат, а за тоа е сосем јасно дека има голема заслуга и елеткричната верзија e-208. Токму таа е вториот голем новитет на Peugeot за Париз, отсега со електромоторот од e-308, а тоа значи и со максимални 156, место 136 КС. Заедно со останатите зафати и со повисоката ефикасност на новиот електромотор, Peugeot e-208 со досегот од 400 km ќе може да вози од Скопје до Охрид и назад, без потреба за полнење батерија.

https://photos.app.goo.gl/toeTkTEk5pg87AVN8

Уште еден новитет на струја е скутерот Peugeot e-Streetzone, со досег до 112 километри и можност за батеријата да се понесе со себе и да се полни дома.

Секако дека Peugeot е марка и во мотоспортот, па тоа можеше да се почувгтвува и преку присуството на хиперавтомобилот 9X8, со којшто француската марка се враќа во трките во издржливост, односно на 24 часа Леман. Техниката во 9X8 го следи примерот од Peugeot 508 PSE, спортските лимузина и комби на марката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Peugeot France (@peugeotfrance)

Во непосредна близина на штандот на Peugeot можеше да се погледне и новата технологија на погон со горивни ќелии, што значи со погон на водород, во e-Expert Hydrogen. Овој транспортер можеше и да се тестира за време на салонот. Главната предност е во тоа што резервоарот се полни за само три минути и потоа претстои пат од 400 километри до следното полнење.

https://photos.app.goo.gl/jvEKsgK3CYffRHb26

https://photos.app.goo.gl/YVuBkxC9rLt1Hyxc8

https://photos.app.goo.gl/x4ohgL4MWWkdZpcEA

https://photos.app.goo.gl/tZ4RKg1cKREXeNdG7

https://photos.app.goo.gl/GDGN4ZkW5X72BNCu8

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Претходна објаваМобилна апликација на Suzuki дава корисни информации за возилото
Следна објаваШефот на Volkswagen заедно со Шолц во посета на Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here