за

Шефот на Volkswagen заедно со Шолц во посета на Кина

Извршниот директор на Volkswagen, Оливер Блуме, ќе му се придружи на германскиот канцелар Олаф Шолц на посетата на Кина во ноември.

Кина производство автомобили

Унапредувањето на бизнисот на Volkswagen во Кина е еден од приоритетите, што новиот извршен директор Оливер Блуме ги постави, по преземањето на функцијата од Херберт Дис.

Првиот човек на групацијата Volkswagen, Оливер Блуме, во следниот месец ќе патува за Кина. Германскиот производител на автомобили мора да преземе клучни чекори за да го задржи својот удел на најголемиот автомобилски пазар во светот.

Блуме ќе биде дел од висока германска делегација, што ќе ја предводи канцеларот Олаф Шолц. Патувањето е планирано за 4-ти ноември, меѓутоа во моментов недостигаат какви било дополнителни информации околу истото.

Директорот на Volkswagen е под голем притисок да ја задржи продажбата на Volkswagen во Кина, како најголем пазар за автомобилите на компанијата во светски рамки, со удел од 40 проценти од вкупната продажба.

Продажбата во минатата година се намали за 4,5 проценти, како последица од слабото менаџирање околу недостигот од чипови, како и слабата понуда на дигитални услуги, коишто им се посебно значајни на возачите во Кина, кои очекуваат убедлива понуда во тоа подрачје.

За германските власти, посетата на Кина претставува чувствителен обид да се воспостави рамнотежа меѓу бизнис интересите и прекшувањата на човечките права во земјата

Берлин развива нова национална стратегија во однос на Кина, со којашто треба да се намали зависноста од втората најголема економска сила во светот, потоа треба да се вклучат повеќе страни во синџирот од добавувачи, како и да се зголеми сигурноста. Извршниот директор на Siemens, Роланд Буш, исто така ќе ѝ се придружи на делегацијата.

Европските производители на автомобили го преиспитуваат својот бизнис и стратегијата за производство во Кина, откако рускиот напад врз Украина предизвика долг список на санкции. Растат сомнежите дека и Кина може да воведе слични санкции, доколку земјата ги пренасочи своите бизниси кон Тајван.

Volkswagen располага со повеќе фабрики за производство на возила и делови во Кина, во соработка со партнерски компании. Во минатата недела, коцнернот објави дека ќе вложи 2,4 милијарди евра во заедничка компанија со кинеската Horizon Robotics, којашто ќе работи во сферата на автономното возење. Тоа е една од мерките за германскиот прозводител да го зајакне своето присуство во земјата.

Volkswagen гради трета фабрика за електрични автомобили во Кина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot 408 лебдеше и на салонот во Париз

Mercedes-AMG C 63 S во специјална серија F1 Edition