Mercedes-AMG C 63 S во специјална серија F1 Edition

Врвната изведба во моделското семејство на C-Class не се разликува во бројот на цилиндри од основниот модел, но затоа користи електрификација на погонската спрега, со техника што е блиска до болидите во формула 1. Четири цилиндри, електромотор и системски 680 КС не оставаат простор за сомневање во перформансите на овој модел. Mercedes-AMG C 63 S E Performance добива ексклузувна изведба F1 Edition.

Mercedes-AMG прави мошне смел чекор со C 63 S E Performance во 55-годишната историја на AMG и го нуди топ-моделот во гамата на C-Class со 4, место со осум цилиндри, но затоа со техника од формула 1. Со иновативниот хибриден погон со електромотор и AMG-батерија со високи перформанси на задната оска, Mercedes-AMG C 63 S E Performance на најверодостоен начин го прикажува значењето на стратегијата „Future of Driving Performance“. За дополнително да го нагласи значењето на овој модел во својата понуда, AMG го нуди истиот во верзија F1 Edition.

Специјалната серија F1 Edition ќе биде достапна за лимузината и комбито до завршетокот на следната година. Серијата е препознатлива по ексклузивниот лак „Alpingrau Uni“ од одделението за специјални нарачки Manufaktur. Странично се додадени фолии со логото на AMG, коишто се прелеваат од сива во црна боја. Акцент ставаат црвените украсни линии во предниот и задниот браник, како и долж праговите. Кованите тркала од 20 инчи со 5 двојни краци се лакирани во мат црна боја. По пример на црвената линија од браниците, исто и тркалата добиваат прстен во црвена боја. Тоа е воедно и шемата што се користи кај тркалата на официјалното возило за брза помош во формула 1.

Пакетот спојлери е развиен во аеро-тунел и помага да се задржи стабилноста при високи брзини, додавајќи и стилски нагласок на динамиката. Пакетот содржи и преден сплитер, нови облоги на надолжните траверзи и продолжеток на дифузорот. Лимузината добива и мал спојлер врз багажникот.

https://photos.app.goo.gl/zZ8R4J2i2ggZGaTv7

Стандардно се вградуваат AMG Night-Paket I и AMG Night-Paket II, за нагласување на моќноста. Предниот сплитер е во сјајна црна боја, исто како и украсните елементи во предните крила, куќиштата на ретровизорите и рамките околу прозорците. На тоа следат уште ламели во маската во темен хром, како и украсна лајсна во задниот браник, двојни издувни цевки и типска ознака на задниот поклопец со истиот финиш. Специјалната серија добива и поклопец на чепот за резервоарот во сребро-хром со натпис AMG.

Внатрешноста е препознатлива по контрастите од црна и црвена боја. Седиштата AMG Performance се обложени со најскапата напа кожа во црбна боја, со црвени штепови и AMG грб во потпирачите за глава. Ремените се црвени, украсните елементи имаат црвен конец. Воланот исто така е AMG Performance во комбинација од напа кожа и микрофибер Dinamica со црвен штеп. Лајсните на праговите имаат натпис AMG што е осветлен црвено. На тоа доаѓаат уште специјални патосници со лого Ф1.

https://photos.app.goo.gl/ahSAGNrQ1qXacYeu7

https://photos.app.goo.gl/r1HuRPALPE6CjQBCA

https://photos.app.goo.gl/rYEUcnSfn5MiKQ8C8

https://photos.app.goo.gl/DX9yAhAxtoBikzfFA

https://photos.app.goo.gl/7BUmFACR2CovmgZ57

https://photos.app.goo.gl/jnDht6oEBLREUiTt5

https://photos.app.goo.gl/PJvnnDhgqfu4gMCx8

https://photos.app.goo.gl/JJPvLvhc79RaTjTx7

Сопствениците на F1 Edition во багажникот ќе најдат и специјална прекривка што го штити возилото во гаража од прашина и гребаници, во исто време овозможувајќи струење на воздухот. Секако дека и прекривката носи лого Ф1.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mercedes-AMG (@mercedesamg)

Електрични 204 КС заменуваат четири цилиндри во Mercedes-AMG C 63

Претходна објаваШефот на Volkswagen заедно со Шолц во посета на Кина
Следна објаваТест · Haval Jolion 1.5T Supreme

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here