Suzuki Connect е мобилна апликација што засега е достапна само за најновиот модел на јапонската марка, S-Cross, којашто овозможува повикување податоци од возилото и бројни корисни функции.
Новата мобилна апликакција Suzuki Connect е достапна за Android и iOS, засега може да се користи само за најновиот модел S-Cross, а во иднина ќе стане достапна и за останатите модели. Корисниците можат во секое време да проверат колку има гориво во резевоарот, каде е паркирано возилото, а можат и далечински да ги отклучуваат и заклучуваат вратите. Се добиваат и информации кога ќе се вклучи алармот, или кога друг корисник на возилото ќе го стартува моторот и ќе ги отклучи вратите. Апликацијата соопштува и дали светлата се оставени вклучени или е заборавено да се заклучат вратите.
Меѓу останатите корисни функции е дигиталниот возачки дневник, којшто автоматски ги води извозениот пат, поаѓалиштето и одредиштето за секој ден, како и потрошувачката на гориво. Преку таканаречениот геофенсинг, сопствениците можат да добијат информација, кога возилото е оставено да го управува друг и кога со истото ќе се излезе надвор од одредено подрачје.
Suzuki Connect посредува и дополнителни информации кога ќе се вклучи некоја од предупредувачките светилки, а информира и кога претстои редовно сервисирање на возилото. Секако дека преку апликацијата може да се воспостави контакт со овластениот дилер или сервис.
Преглед на најважните функции на Suzuki Connect App:
Информации за статусот на возилото
Апликацијата го известува корисникот ако заборави да ги заклучи вратите или ги остави светлата и безбедносните трепкачи. Доколку вратите се отклучени, тие може да е заклучат оддалеку преку аликацијата, без потреба од враќање до возилото.
Редовно сервисирање / Информации за сервисен повик
Корисникот се информира за претстојното редовно сервисирање, како и за сервисни повици или одредени сервисни акции.
Безбедносна функција
Возачите добиваат информација кога ќе се вклучи алармот или ако се стартува моторот во одредено време.
Известување за вклучени предупредувачки светилки
Сопственикот се известува кога ќе се вклучи некоја од предупредувачките светилки. Апликацијата дава и совет, како да се надмине пријавената неисправност. Преку апликацијата може да се контактира сервисот.
Локација на возилото
Апликацијата покажува мапа каде е паркирано возилото. Може да се добие линк и тој да се испрати преку е-пошта или куса порака до друго лице.
Возачки дневник
Преку апликацијата може да се повикаат податоци од возењето во период од 18 месеци, со информации за времетраењето на возењето, далечината, просечната потрошувачка, како и за поаѓалиштето и одредиштето.
Геофенсинг
Доколку возилото има повеќе корисници, сопственикот може да добие известување, кога возилото ќе влезе во одредено подрачје, кога ќе излезе од истото или ако се користи во време што не е договорено.
Suzuki Vitara Strong Hybrid · Колку менува брзото возење кај хибриден погон?