Како честитка за 8-ми Март: Peugeot 308 е избор на дамите за 2022

Францускиот стил отсекогаш бил ценет кај жените, во сите сфери и во сите пригоди. Peugeot 308 дефинитивно се докажа како француски автомобил, откако најдобрите автомобилистки во светот го препознаа шармот во овој автомобил, но и сé останато со што постојано нé уверуваат дека не е сé во убавината. Значи, Peugeot 308, Автомобил на 2022 година во избор на дамите.

На овој голем светски ден 8-ми Март, новиот Peugeot 308 е прогласен за „Women’s World Car of the Year 2022“. Најновиот француски модел освои најмногу гласови од 56-членото строго дамско жири, со автомобилистки од 40 држави од 5 континенти. Peugeot 308 победи во конкуренција од 65 нови модели што пристигнаа на пазарот во текот на 2021 година.

„Светски автомобил на годината во избор на дамите“ се состои од две рунди: Во првата се избираат победници во секоја од шесте категории. На 14-ти февруари, Peugeot 308 беше прогласен за „Градски и компактен автомобил на 2022 година“ од 56-те автомобилски новинарки што го сочинуваат жирито.

Во втората фаза, Peugeot 308 е победник од сите победници во претходната фаза, значи најдобар од шесте финалисти. Наградата важи за двете каросериски изведби, за комбилимузината и за стилското комби SW, што отсекогаш било дел од гамата на „тристотката“ на Peugeot.

Директорката на Peugeot го искажа одушевувањето во својата објава на твитер:

Француската марка првпат ја освојува ценетата награда од дамите, чијшто избор се вбројува меѓу највлијателните на светската сцена.

Што кажаа членките на жирито во својот опис на победникот:

„Најважно за мене е тоа што автомобилот има добри перформанси при средни вртежи и тоа што автоматскиот менувач работи мошне нежно“, Хоа Гујен, Виетнам

„На 308 не му е доволно само да го заджи и потврди својот успех, туку тој се обврзува да се надмине себеси, и успева во тоа“, Хуимена Олазар, Аргентина

„Лесен е за возење дури и по тесните улици во Јапонија. Турбо моторот е одличен и тивок“, Етсуко Кусуда, Јапонија

„Peugeot успеа да ги привлече семејствата со добро промислена понуда и со впечатлив имиџ, но и да ги привлече тие што бараат избор од повеќе погонски единици: Бензин, дизел, приклучен хибрид, а од следната година и електричен автомобил“, Карла Б. Рибеиро, Португалија

„Не е скап автомобил од соништата само за најсреќните, туку е автомобил што повеќето семејства можат да си го дозволат“
Марлен Раит, Данска

Тест-возење на Peugeot 308: Колку француски може да биде еден автомобил?

Претходна објаваПатеката Нирбургинг е во сопственост на Руси, санкциите ќе важат?
Следна објаваАвстриска компанија нарача 106 електрични автобуси од полски Solaris

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here