Германскиот магазин Ауто Билд, во денешната објава насловена „Дали на Нирбургринг му се закануваат санкции?“ посочува на специфичната ситуација околу тркачката патека.
Дали и на Нирбургринг мора да му се стави сопирачка поради рускиот воен напад врз Украина? Причината: Главнината од легендарната тркачка патека се наоѓа во руски раце. Така германскиот магазин Ауто Билд ја почнува денешната објава за судбината на 20-километарската тркачка патека во густите шуми на рајнскиот планински масив.
До 2012 година, Нирбургринг се наоѓаше во државна сосптгеност. Потоа следеше стечај, патеката беше продадена и денес 99% е во сопственост на холдинг со рускиот фармацевтски моќник Виктор Владимирович Харитонин, кој е главнински сопственик. Преостанатиот еден процент ѝ припаѓа на локалната компанија за мотоспорт Getspeed.
Претставник од Нирбургринг изјави за германската новинска агенција ДПА, дека заедно со холдингот на Харитонин „се залагаме да ги обединиме луѓето од цел свет – без разлика на потеклото, бојата на кожата или религијата“. На патеката доаѓаа и Руси и Украинци.
We are ready! 🟢
➡ Winter construction work: Completed! ✅
➡ 2.5 million euros for 2.5 km of new track 🏗
➡ Döttinger Höhe via Tiergarten to the Hyundai N curve (Grand Prix track)
➡ Season start: Next week Saturday! 🚗 pic.twitter.com/E7og2kaLtX— Nürburgring (@nuerburgring) March 2, 2022
Авторката Бјанка Гарлоф посочува дека патеката и покрај тоа се најде во фокусот на политиката. „Опозициската ЦДУ на 23-ти март ќе поднесе расправа за зависноста на замјиштето во Рајнланд Фалц од руски инвестиции“, се наведува во објавата на германскиот Ауто Билд.
Гарлоф заклучува: „Дали Нирбургринг треба да се санкционира, исто како што ЕУ постапува со Русија? Или треба да се бојкотира од страна на фановите? Тоа е најмалку потребно: Целиот регион Ајфел живее од ‘рингот’ – а тој претрпе голема штета од поплавите во минатото лето.“
Автоиндустријата се снабдува од 38 фабрики за компоненти во Украина
















