за

Лани произведени 57 милиони патнички автомобили и 23 милиони камиони

Кина е најголем производител на автомобили во светот. Четири од секои десет автомобили лани излегле од фабриките во Кина. Колку произведуваат останатите држави?

Во 2021 година во сите автомобилски фабрики ширум светот биле произведени за 2% повеќе патнички автомобили отколку преклани. Но, во споредба со претпандемиската 2019 година, браншата уште заостанува.

Статистиката за светското автомобилско производство пријавува 57.054.295 патнички автомобили произведени во текот на 2021 година. Добрата вест е тоа што продукцијата пораснала за 2% во споредба со 2020 година, но има и лоша вест, а таа открива дека во споредба со 2019 година, пред пандемијата, продукцијата заостанува за 15 проценти.

По континенти и региони, најголем производител се Азија и Океанија, каде што се произведени вкупно 38,1 милиони патнички автомобили. Тоа се дури 67 проценти од вкупната продукција, што практично значи дека два од три автомобили лани биле произведени во фабриките во Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Индија, Тајланд, Индонезија. Во регионот вкупно 14 држави произведуваат автомобили и камиони.

Само во Кина се произведени 21,407,962 патнички автомобили, што е за 7% повеќе од преклани, но и исто колку пред пандемијата, во 2019 година. Европа е вицешампион со 13,803,297 автомобили, за 5% помалку од 2020 година. Во споредба со 2019 година, падот е многу голем, дури 26 проценти. Од вкупната европска продукција, 11,3 милиони автомобили се произведени во ЕУ. Само 18% од возилата се произведени надвор од Унијата.

Најголем пад има Америка (4,492,258 автомобили), со продукција намалена за дури 36 проценти во споредба со 2019 година, односно -10% во споредба со 2020 година.

Многумина би погрешиле набројувајќи ги десетте најголеми производители на автомобили во светот. Германија, Шпанија и Чешка се единствените европски држави во Топ 10. По Кина и Јапонија, изненадувачки високо на третото место е Индија, пред Јужна Кореја и Германија.

Од големите производители, единствено Кина и Индија не се во минус во споредба со ‘19. Нивниот биланс е нула. Наспроти тоа, продукцијата во Германија и Франција лани била намалена за 34, односно 45 проценти во споредба со годината пред кризата, којашто е повеќе релевантна за споредбите. САД исто така имаат минус од 38 проценти, Мексико со своите 708.242 автомобили исто така е во длабок минус, со 49% послаб резултат во споредба со 2019 година.

Производство на автомобили по држави во 2021 година

 

2021

Тренд ’19-’21

Тренд ’20-’21

КИНА 21,407,962 0% 7%
ЈАПОНИЈА 6,619,242 -21% -5%
ИНДИЈА 3,631,095 0% 28%
ЈУЖНА КОРЕЈА 3,162,727 -13% -2%
ГЕРМАНИЈА 3,096,165 -34% -12%
БРАЗИЛ 1,707,851 -30% 6%
ШПАНИЈА 1,662,174 -26% -8%
САД 1,563,060 -38% -19%
РУСИЈА 1,352,740 -11% 7%
ЧЕШКА 1,105,223 -23% -4%
СЛОВАЧКА 1,000,000 -10% 1%
ФРАНЦИЈА 917,907 -45% -1%
ИНДОНЕЗИЈА 889,756 -15% 61%
ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО 859,575 -34% -7%
ИРАН 838,251 9% 2%
ТУРЦИЈА 782,835 -20% -8%
МЕКСИКО 708,242 -49% -27%
ТАЈЛАНД 594,690 -25% 11%
МАЛЕЗИЈА 446,431 -16% -3%
ИТАЛИЈА 442,432 -18% -2%
РОМАНИЈА 420,755 -14% -4%
УНГАРИЈА 394,302 -21% -3%
МАРОКО 338,339 -8% 13%
КАНАДА 288,235 -38% -12%
ПОЛСКА 260,800 -40% -7%
ШВЕДСКА 258,000 -8% 4%
ЈУЖНА АФРИКА 239,267 -31% 0%
УЗБЕКИСТАН 236,667 -13% -16%
ПОРТУГАЛИЈА 229,221 -19% 9%
БЕЛГИЈА 224,180 -9% -5%
ТАЈВАН 196,749 4% 9%
ПАКИСТАН 193,991 24% 103%
АРГЕНТИНА 184,106 70% 98%
АВСТРИЈА 124,700 -21% 14%
ВИЕТНАМ 123,482 -4% -1%
ХОЛАНДИЈА 105,458 -40% -17%
СЛОВЕНИЈА 95,797 -52% -32%
ФИНСКА 93,172 -19% 8%
КАЗАХСТАН 80,679 83% 25%
ФИЛИПИНИ 46,278 -19% 25%
КОЛУМБИЈА 40,764 -48% -14%
БЕЛОРУСИЈА 29,891 46% 40%
ЕГИПЕТ 23,754 28% 0%
СРБИЈА 21,109 -40% -9%
УКРАИНА 7,342 17% 75%
АЛЖИР 5,208 -91% 591%
АЗЕРБЕЈЏАН 2,173 -8% 12%
МЈАНМАР 1,519 -88% -82%
АВСТРАЛИЈА 0

Најголемата фабрика на Toyota во светот е во Кентаки и произведува Camry

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia во 2027 година ќе има 14 електрични модели во понуда

Mercedes-AMG GT Black Series сериски рекордер на Нирбургринг

Патеката Нирбургинг е во сопственост на Руси, санкциите ќе важат?