Кај големите производители секогаш има нешто големо што се случува во производствената мрежа од непоимливи размери. Во најголемата фабрика на Toyota, што патем не се наоѓа во Јапонија или во Европа, туку точно во САД, во Кентаки, лани се случиле неколку историски достигнувања.
Годината 2021 била историска за фабриката на Toyota во Кентаки. Тоа е најстара фабрика на јапонската марка во Северна Америка и нејзина најголема фабрика во светски рамки. Џорџтаун лани одбележа 35-годишнина од пуштањето во работа и најави неколку важни инвестиции. Тоа ќе ја зајакне позицијата на Toyota Kentucky како лидер во електрификацијата на понудата од модели.
Неколку од клучните достигнувања на Toyota Kentucky во 2021 година:
- Во најтешки услови за индустријата се произведени 438.202 возила и 581.701 мотори.
- Трите најголеми достигнувања во производството:
- 13-милионитото возило од фабриката
- 10-милионитиот Camry (најпродаван не-СУВ во САД во последните 20 години во низа)
- 14-милионитиот мотор од фабриката.
Менаџментот најави дека во Кентаки ќе започне монтажа на модули од горивни ќелии, што ќе се вградуваат во камиони од тешка категорија со погон на водород. Тоа ќе биде следното проширување на производствената палета на возила со електричен погон.
Во намалувањето на емисијата на СО2 од самата фабрика и во приспособувањето на производствените погони според побарувачката се вложени 461 милиони долари. Вкупната инвестиција во фабриката во Кентаки досега надминува 8,5 милијарди долари.
https://www.youtube.com/watch?v=hAJDyHGkivo
Три милиони долари беа наменети за донации (во поддршка на над 100 непрофитни организации), за образование, социјални услуги, помош од незгоди, диверзитет и животна средина. Toyota за овие намени досега издвоила над 150 милиони долари.
Вработените во времетраењето на фабричките паузи подготвија 15.000 пакети со храна, пакети за прва помош и основни потребштини за потребите на заедницата.
Основни податоци за фабриката на Toyota во Кентаки
Површина на фабричкиот круг: >500 хектари
Вкупна површина на производствени погони: >840.000 метри квадратни
Производство: ES 350/ Camry/ Camry Hybrid/ ES 300h/ RAV4 Hybrid/ Avalon/ Avalon Hybrid / Мотори со 4 цилиндри & V6/ Оски/ Делови за управување/ Глава на мотор/ Коленасти вратила/ Брегасти вратила/
Добавувачи: 400+ локации на добавувачи во САД, само во Кентаки 120+
>>> Американската фабрика произведе 10 милиони Toyota Camry

Целата моделска понуда на Toyota на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/
>>> Тест на Toyota Camry: Дали хибридот штеди и на отворено?

















