за

Американската фабрика произведе 10 милиони Toyota Camry

Фабриката на Toyota во сојузната американска држава Кентаки го произведе 10-милионитиот примерок од Toyota Camry, еден од најпродаваните автомобили во САД во историјата.

Возраста е само бројка за првата сопствена фабрика на Toyota во Северна Америка. Во Џорџтаун, во сојузната држава Кентаки, произведен е 10-милионитиот примерок од Camry.

Белата Toyota Camry со ниво на опрема SE одбележа важен историски датум за фабриката, којашто воедно прославуваше и 35 години откако е пуштена во работа во регионот на „Bluegrass“ (буквално сина трева), наречен по непрегледните тревнати пространства.

„Особено сме горди кога ќе помислиме каде сé нашите 10 милиони Camry ги имаат превезувано луѓето низ годините“, порачува Сузан Елкингтон, претседателка на фабриката на Toyota во Кентаки.

Легендарниот Camry, моментно во својата осма генерација, претставува најимпресивна и најиновативна генерација на моделот досега. За тоа придонесува и Toyota Safety Sense 2.5+, најнова верзија на пакетот од системи за асистенција на возачот, кој што содржи и самостојно запирање при опасност од судир.

Во март, Кентаки го произведе својот 13-милионити автомобил, RAV4 Hybrid. Фабриката стартуваше со производство на СУВ-моделот во јануари 2020 година, по серијата масивни инвестиции кои надминаа 1,5 милијарда долари почнувајќи од 2017 година. Таа серија, пак, беше дел од вкупната инвестиција во висина од 13 милијарди долари во сите фабрики на Toyota во САД, за периодот од 2017 до 2021 година.

Во комплексот во Џорџтаун со површина од 5,3 квадратни километри досега се вложени вкупно 8 милијарди долари. Фабриката вработува околу 10.000 лица.

Toyota Camry неодамна стартуваше со продажба во Македонија во освеженото моделско годиште, во коешто меѓу другото е комплетно сменет изгледот на предниот браник. Тоа направи овој единствен модел да биде многу повеќе „видлив“ за купувачите на лимузина од виша класа, отгогаш интересот за моделот е зголемен неколкукратно. Честито Camry.

Camry и Superb се единствени „нормални“, сé друго е премиум

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo ќе преземе целосна сопственост над фабриките во Кина

Германските возачки и возачи бараат побрзи промени