Volvo ќе преземе целосна сопственост над фабриките во Кина

Со преземањето на дополнителните 50 проценти од акциите во фабриката Daqing Volvo Car Manufacturing, како и во развојниот центар Shanghai Volvo Car Research and Development, шведскиот производител ќе ја зајакне својата позиција во Кина.

Кина е најголем единечен пазар за Volvo во светот, којшто со овој чекор ќе биде уште повеќе подготвен да одговори на натамошниот раст на пазарот. Извршниот директор на Volvo Cars, Хакан Самуелсон, го објаснува значењето на новиот пионерски чекор на шведската марка во браншата: „Со овој договор, Volvo Cars ќе стане прв голем производител што не е од Кина, којшто ќе преземе целосна контрола над својот бизнис во земјата“.

Домаќините ценат дека холдингот Geely и Volvo Cars постојано ги бараат најдобрите решенија за соработка и за структурни зафати во рамките на групацијата. Volvo Cars во изминативе години постигна раст што е далеку над просекот на пазарот во земјата. Швеѓаните ќе продолжат да вложуваат во земјата, со цел да се обезбеди натамошен раст.

Со двете трансакции, Volvo Cars ќе стане целосен сопственик на фабриките во Ченгду и Дакинг, на компанијата за диструбуција на возилата Volvo во земјата, како и на центарот за истражување и развој на Volvo во Шангај. Се очекува префрлувањето на сопственоста да заврши формално до 2023 година.

Volvo Cars во минатата година продаде 166.617 во големата азиска држава, постигнувајќи раст дури и наспроти 2019 година (+7,5%), пред корона-кризата. Во првата половина од годинава, продажбата продолжи да расте и достигна +44,9% раст наспроти истиот период во ’20, како и +40,1% наспроти истиот период во 2019 година.

Претходна објаваDaimler во вториот квартал заработил над 5 млрд. €
Следна објаваАмериканската фабрика произведе 10 милиони Toyota Camry

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here