за

Daimler во вториот квартал заработил над 5 млрд. €

Кусокот од чипови не го попречи концернот на Mercedes да постигне одлични деловни резултати во периодот меѓу април и јуни.

daimler mercedes концерн

Вкупно 736.400 патнички автомобили и камиони од Mercedes & Co се продадени во второто тромесечје, што е 36% повеќе од истиот период лани. Заработката пред даноци изнесува близу 5,2 милијарди евра.

Штутгарт пријави одлични деловни резултати за вториот квартал. Продажбата на возила од сите марки од концернот Daimler пораснала за 36 проценти, на вкупно 736.400 автомобили и камиони. Прометот во висина од 43,5 милијарди евра е за 44% над резултатот од истиот период лани. Оперативната заработка достигнала 5,185 милијарда евра.

Главниот огранок Mercedes-Benz Cars & Vans постигнува двоцифрена маржа веќе трет квартал во низа. Концернот Daimler со тоа ја докажа стабилноста, дури и во услови кога целата бранша се соочува со недостиг од чипови. Во материјални добра, во вториот квартал била вложена точно една милијарда евра. За истражување и развој, трошоците изнесуваат 2,4 милијарди евра

Во вкупната продажба на возила на Daimler, патничките автомобили и вановите со знакот на Мercedes учествуваат со 619.600 примероци (+29%). Од овој бизнис, во касата на концернот се пристигнати 3,44 милијарди евра. Рентабилноста е зголемена значително во споредба со истиот квартал лани во екот на корона-кризата, со 12,2%, наспроти -5,9% лани.

Mercedes-Benz Cars во вториот квартал продал 521.200 патнички автомобили (+27%). Уште поголем раст (+37%) има кај Mercedes-Benz Vans, со вкупно 98.400 ванови.

Daimler Trucks & Buses продал за 91% повеќе камиони и автобуси отколку во периодот од април до јули лани. Станува збор за 116.800 тешки товарни возила и автобуси за три месеци (112.100 камиони, 4.700 автобуси).

Концернот соопштува дека сé се одвива според планот, за камионскиот огранок да се издвои како посебен субјект од автомобилите Mercedes-Benz. Овој масивен чин за берзата треба да се реализира пред крајот на годинава.

Извесна резерва се остава за проблемот со недостигот од чипови, којшто се очекува да остави силно влијание врз браншата и во актуелниот квартал.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model 3 е шести најпродаван автомобил во САД

За автопилотот на Tesla се плаќа месечна претплата

Volvo ќе преземе целосна сопственост над фабриките во Кина