за

За автопилотот на Tesla се плаќа месечна претплата

Tesla им ја нуди најновата верзија на својот „автопилот“ само на избрани клиенти во САД, со можност за месечна претплата. Тоа е многу поевтино отколку системот да се купува за трајно.

Tesla Model 3 е шести најпродаван автомобил во САД

Постојат бројни контроверзи околу системот за асистенција што Tesla го води како „Автопилот“. Фановите го величаат како еден од најнапредните системи за асистенција и веруваат во предвидувањата на Илон Маск, дека автономното возење наскоро ќе стане реалност.

Од друга страна, критичарите негодуваат за тоа што името „Автопилот“ и описот дека станува за технологија „Full Self Driving“, наведува на очекувања што се далеку од реалните способности на системот. За сопствениците на автомобил Tesla да ја вчитаат новата верзија на системот и да добијат негова трајна функционалност, калифорнискиот производител досега наплаќаше по 10.000 долари.

Тоа е нереално висока сума. Но, постои и друго решение. Новата понуда од Фремонт гласи: Автопилотот се добива за користење по месечна претплата во висина од 199 долари. Користењето месечна претплата би било неисплатлива варијанта доколку тоа трае 50 месеци, односно нешто повеќе од четири години во континуитет.

Предуслов за користење на претплатата е возилото Tesla да биде опремено со основен автопилот и со актуелниот компјутер NW3, што се вградува во возилата од пролетта 2019 наваму. Претплатата моментно е достапна само во САД. Tesla повторно укажува на тоа дека возачот мора да ги држи рацете на воланот и во секое време да биде подготвен да реагира, затоа што „автопилотот“ не значи дека возилото може да вози само.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Macan доби второ моделско освежување, наследникот ќе вози на струја

daimler mercedes концерн

Daimler во вториот квартал заработил над 5 млрд. €