Германските возачки и возачи бараат побрзи промени

Повеќе од половина од Германците посакуваат пресвртницата во сообраќајот и во енергетиката да се одвива побрзо. Тоа што беше незамисливо: Половината цени дека е добро да се ограничи брзината на аутобанот.

Сообраќајната и енергетската пресвртница се одвива пребавно, според голем број луѓе во Германија. Тоа е резултатот од репрезентативна студија во рамките на проектот Аријадне, во којшто учествуваа 25 институти. Според студијата, повеќе од половината од вкупно 6.800 испитаници во Германија посакуваат побрза трансформација. Проектот е финансиран од Сојузното министерство за истражување.

За 47 проценти од испитаниците е сосем веројатно да купат електричен автомобил. Половината се противат за воведување патарина и за зголемување на цената на паркингот, но затоа се сложуваат да се воведе ограничување на брзината на возење по автопатите.

За 73 проценти од испитаниците е неопходно да се намали енергетската потрошувачка во домаќинствата, со цел да се поттикне енергетската пресвртница. Повеќе од една третина генерално се сложуваат за воведување повисоки даноци за проекти што се штетни за животната средина. Исто така повеќе од една третина од испитаниците ценат дека бирократијата претставува еден од најголемите проблеми и најголеми предизвици за реализацијата на енергетската и сообраќајната трансформација. Дури 90 проценти се сложуваат со поставување соларни системи на покривите на објектите.

Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Претходна објаваАмериканската фабрика произведе 10 милиони Toyota Camry
Следна објаваКаучукот и нафтата поскапуваат, цената на гумите ќе расте

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here