Каучукот и нафтата поскапуваат, цената на гумите ќе расте

pirelli димензии на гуми низ историја

Откако цените на автомобилските гуми веќе пораснаа во првите шест месеци, ситуацијата на светскиот пазар навестува дека трендот ќе продолжи и во второто полугодие. Тоа ќе се почувствува најмногу при сезонската замена на летните со зимски гуми.

Производителите на автомобилски гуми ги зголемија цените во првото полугодие и најавуваат повторно поскапување во втората половина од годината. Товарот од поскапувањето ќе го почувствуваат потрошувачите.

Трговијата со гуми во светски рамки се одвива релативно добро во време на корона-кризата, но за тоа да се случи обично се даваат големи попусти. Познавачите на светскиот пазар на гуми ценат дека трговците повеќе нема да можат да ги компензираат претстојните нови поскапувања на гумите со минимална маржа. Тоа ќе води кон осетно поскапување на гумите.

Причините за поскапувањето се мошне јасни и произлегуваат од растот на цените на суровините и на логистиката:

  • Цената на природниот каучук во првото полугодие во просек е повисока за 57 проценти во споредба со лани.
  • Порастот на цената на нафтата доведе до тоа, цената на синтетскиот каучук да биде за 66 проценти повисока од неговата просечна вредност во првото полугодие во минатата година.
  • Цената за електричната енергија се зголемила за 154 проценти во споредба со ланскиот просек.
  • Глобалната рата за контејнерски транспорт во јуни е за 226% повисока во споредба со лани.

 

Претходна објаваГерманските возачки и возачи бараат побрзи промени
Следна објаваMercedes S-Class отсега вози и како хибрид

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here