за

Kia во 2027 година ќе има 14 електрични модели во понуда

Kia ја објави стратегијата до 2030 година, според којашто продажбата треба да достигне 4 милиони возила, од кои повеќе од еден милион ќе бидат електрични.

Големи планови на Kia, на патот компанијата да стане прва адреса на којашто луѓето ќе можат да ги побараат сите видови решенија за мобилност, што е пријателска за животната средина. Меѓу клучните точки во претстојната стратегија е проширување на понудата на 14 модели со чисто електричен погон до 2027 година.

Јужнокорејскиот производител ги објави плановите што на компанијата до 2030 година треба да ѝ донесат предводничка улога во мобилноста што е во согласност со животната средина. Kia само објави нови чекори од Plan S, стратегијата за развој што беше претставена уште во 2020 година. Тогаш корпорацијата го доби и новото лого, како и новиот слоган „Movement that Inspires“. Со моделот EV6 започна и новата ера на дизајнот на моделите на Kia.

Визијата се потпира врз три столбови – луѓе, планета, профит – и има за цел на купувачите да им понуди повисока противвредност за парите, да ја намали емисијата на СО2 и да постигне заработка почитувајќи ги начелата за заштита на животната средина.

Издвоени се четири главни цели на бизнисот до 2030 година:

  • Забрзување на елеткрификацијата и постигнување продажба од 1,2 милион батериски електрични возила,
  • Вкупна продажба на 4 милиони возила (+27% од целта за 3,15 милиони возила во 2022 година), вклучувајќи два милиони возила со ниска емисија на СО2, значи електрични и хибридни модели,
  • Напредување на вмрежувањето на автомобилите и воведување автопилотирано возење во сите нови модели,
  • Лидерство на пазарот на наменски произведени возила (purpose-built vehicle, PBV).

По две години од почетокот на Plan S, корејскиот производител напредуваше во глобален лидер во електричните возила, во исто време постигнувајќи историски највисок промет и заработка во текот на минатата деловна година.

Од 17 проценти удел на моделите на Kia со ниска емисија на СО2 во очекуваната вкупна продажба на возила од марката годинава, уделот до 2030 година ќе се зголеми на 52 проценти.

Вкупно 14 модели на Kia со батериски електричен погон до 2027 година

Почнувајќи од 2023 година, Kia ќе лансира најмалку по два батериски електрични модели годишно. Наспроти првичните планови за 11 вакви модели до 2026 година, во планот сега влегуваат уште два електрични пикапи и модел што ќе биде достапен за широк круг купувачи.

Знаменосецот во електричната понуда ќе биде EV9, за којшто веќе имаше најава преку концептниот автомобил прикажан лани. Престижниот СУВ стартува в година, долг пет метри, со спринт за пет секунди, со досег од 540 километри со едно полнење. На брз полнач, енергија за 100 km се полни за шест минути.

  • Kia EV9 ќе биде прв модел на марката што ќе вчитува нов софтвер Over the Air, што ќе нуди системи за чиешто вклучување и користење ќе се плаќа претплата (FoD, Feature on Demand), како и прв модел со напреден автопилот (без потреба возачот да го управува возилото при патување по автопат).

Kia ќе продава 1,2 милион батериски електрични автомобили во 2030 година

Од 160.000 електрични возила годинава, Kia ќе цели на 807.000 примероци во 2026 година, а потоа и 1,2 милион во 2030 година. Тоа е за 36% повеќе од првично поставената цел за 2030 година, објавена на ланскиот Ден за инвестиции во Kia.

Осум од секои десет продадени батериски електрични возила на Kia во 2030 година ќе бидат испорачани во Кореја, Северна Америка, Европа и Кина. Уделот на електричните возила во продажбата на Kia на овие пазари се предвидува да достигне 45 проценти.

Oваа платформа ќе ги носи електричните модели на Kia и Hyundai

Соодветно ќе напредуваат и фабриките. Кореја ќе биде глобален центар за истражување, развој, производство и испорака на електрични возила. Останатите производствени капацитети ширум светот ќе ги покриваат локалните пазари со модели наменети точно за нив. Со други зборови, тоа што во моментов е Ceed за Европа, во иднина ќе биде некој „електричен Ceed“.

Во Европа ќе стартува производство на модели од компакт и средна класа во 2025 година. Во САД, ќе се понудат електрични СУВ и пикапи, почнувајќи од 2024. Во Кина, веќе в година стартува модел од средна класа. Идниот голем пазар Индија секако дека е во план, со градски модел и со модел од средна класа веќе во 2025 година.

Од сегашните 13 GWh на годишно ниво, потребата од батерии на Kia до 2030 година ќе се зголеми на 119 GWh

Батериите ќе пристигаат од фабриката во Индонезија, а освен за сопствените возила, тие ќе им се продаваат и на заинтересираните компании ширум светот. До 2030 година, енергетската густина треба да се зголеми за 50% (што значи дека за приближно толку ќе се зголеми досегот при иста големина на батерија), а во исто време цената на батериските системи да се намали за 40%. 

По примерот на GT-изведбата од EV6, идните електрични модели исто така ќе се нудат во верзија со екстра перформанси.

Kia EV6 победи во изборот за автомобил на 2022 година

Важен дел од работата на корпорацијата ќе бидат возилата „по потреба“. Станува збор за релативно нов поим на PBV (Purpose Build Vehicle), односно возила што се конструирани за одредена намена. Како најверодостојно објаснувањето за овој поим, Kia кон крајот на годинава ќе претстави посебна PBV-верзија од новиот Niro. Таа верзија ќе се води како Niro Plus и ќе биде наменета за такси-превоз, како и за краткотрајно изнајмување.

Во иднина ќе се развиваат и независни PBV, врз посебна платформа, врз којашто ќе се поставува каросерија зависно од потребата, со посакуваната форма. Прв таков PBV-модел се очекува во 2025 година. Kia засега најавува единствено дека тоа ќе биде модел од средна класа. Но, овој податок е уште поважен: 600.000 километри, толку ќе биде предвидениот рок на експлоатација за овие PBV-модели. Тоа веројатно ќе бидат возила достапни како услуга слична на денешниот рентакар, што на пример бизнисмени ќе ги користат за локален превоз, додека преговараат или склучуваат договор во странство. Во возилата ќе може да се доплати за одредена услуга, на пример автопилот, во времето додека се користи возилото. Со функцијата на автопилот, воедно се цели и на иден такси-превоз без возач. Во некоја следна фаза, Kia ќе понуди и PBV-возила за јавен превоз, на пример, минибуси.

Прикажано најпрегледно, стратегијата на Kia до 2030 година го предвидува следното (во оригиналот од соопштението од Kia, на англиски јазик):

Цел Содржина
Global

Sales

2022 : 3.15 million units (13.5% increase from 2021 annual sales figure)

2030 : 4 million units (27% increase from 2022 annual)

2030 : Eco-friendly vehicle sales to account for 52% of overall sales figure

2030 : Major markets (Korea, North America, Europe, China) eco-friendly vehicle portion within overall sales to be 78%

Electrification 2027 : Kia to establish a BEV line-up consisting of 14 models (Previous plan : 11 models by 2026)

2022 : BEV sales target is 160,000 units, 5% of annual sales target

2026 : BEV sales target of 807,000 units, 21% of overall annual sales

2030 : BEV sales target of 1.2 million, 30% of overall sales

※ To produce EVs in U.S., Europe, China, India as well as from Korea

Product strategy Named the autonomous driving technology ‘AutoMode’

2025: 100% of all new vehicles to be launched as a connected car

2026: 100% of all new vehicles to be launched in major markets to have autonomous driving technology applied

PBV

Strategy

Create dedicated communication channel for PBV customers

Near term: launch derivative PBVs (Ray 1 seater van, Niro Plus, etc)

Mid-to long term: To launch first dedicated PBVs using the skateboard EV platform

Once full scale commercialization takes place in the market, Kia to diversify its PBV line-up

Financial

Targets

2022 : ▲Gross revenue KRW 83.1 trillion ▲Operating profit KRW 6.5 trillion ▲Operating profit margin 7.8%

2026 : ▲Gross revenue KRW 120 trillion ▲Operating profit KRW 10 trillion ▲Operating profit margin 8.3%

2026 : Market capitalization target KRW 100 trillion

2026 : BEV contribution to the operating profit 39%, Eco-friendly vehicle contribution to the operating profit 52%

Investment /

Dividend payout

2022~2026 : Invest KRW 28 trillion (Additional KRW 5trillion compared to previous plan)

2026 : Future business investment proportion to account for 43% of all investment

Dividend payout ratio: 20~35% of operating profit (Previous payout ratio: -5~+5%p)

Седум денови во Kia Sportage: Први впечатоци

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota ќе вози 24 часовен маратон со синтетичко гориво

Лани произведени 57 милиони патнички автомобили и 23 милиони камиони