Peugeot ќе стартува со комплетно нов автомобил на релито Дакар. Не е изненадување што тој ќе вози под ознаката на штотуку претставениот спортски теренец 3008.
Peugeot 3008 DKR е наследникот на 2008 DKR со когошто Стефан Петерхансел во јануари ја постигна својата дванаесетта победа на Дакар. Французите повторно се решија за погон на две тркала кај новиот автомобил. Познатиот трилитарски дизел V6 со битурбо натполнење, поради новите регулативи со коишто се ограничува пречникот на дифузорот ќе испорачува за 20 КС помалку, но затоа ќе располага со поголем вртежен момент при ниски вртежи.
Карлос Саинц ќе стартува со Peugeot 3008 DKR веќе во октомври, на Рели Мароко. Неговиот тимски колега Депре ќе вози со 2008 DKR.
















