Европскиот пазар мирува, главните движења доаѓаат од кинеските марки и од електричните автомобили

Ситроен Ц3 Еркрос веќе е втор најпродаван модел на Французите годинава, секако по Ц3

Во исто време, бензинците (неелеткрифицирани) имаа пад од 7,2 проценти, додека пазарот на дизелите им се скуси за 19 проценти. Тоа покажува дека влијаат новите и построги барања на ЕУ за ограничување на емисијата на ЦО2.

Производителите на автомобили имаат на располагање три години – 2025, 2026 и 2027 – да ги исполант барањата на ЕУ. По падот лани, електричните автомобили повторно се во голем подем. Од друга страна, поради новите закони што важат од 2025 година, кон завршетокот на минатата година беше пуштен голем бран нови модели со приклучен хибриден погон со зголемен досег. Со тоа, производителите ги надмудрија законодавците, коишто од годинава воведоа нови норми со коишто се прикажува многу пореална вредност на потрошувачката на гориво на приклучните хибриди.

И обичните хибриди на Тојота, Рено и Дачиа ја зголемија продажбата.

Целиот пазар е за 0,3 процент во минус, покажуваат првичните податоци што ги објави агенцијата Датафорс, што произлегуваат од 99 проценти од пазарот во ЕУ, ЕФТА и ОК. Тоа се околу 4.000 возила помалку во споредба со април 2024 година.

Иако нивните резултати во 2024 година беа релативно слаби, кинеските производители се големите победници во април, на сметка на европските, јапонските и корејските компании.

Чери, со своите свежо лансирани марки Омода и Џејку, продаде 5.773 возила, во споредба со 462 возила лани во април.

БИД, најголем производител на батериски електрични и приклучни хибридни возила, продаде 12.558 возила, што претставува раст од 356 проценти, во споедба со 2.752 возила лани.

САИЦ, присутен во европа преку марката МГ, постигна раст од 25 проценти, со одличен старт на малечкиот МГ3.

Продажбата на Стелантис се стабилизираше во април, напредува и БМВ

Џили, кинескиот производител каде што спаѓаат Волво и Полстар, Лотус и Линк, во април продаде за 12 проценти помалку возила.

Од традиционалните производители, групацијата БМВ има напредок од 8,1 проценти, Форд исто така има раст од 4,9 проценти, а мал пораст од 0,6 процент има и кај групацијата Фолксваген. Рено со своите марки ја зголеми продажбата за 0,3 процент.

Стелантис веќе покажува дека се враќа во форма и постигна раст од 0,1 проценти, наспроти претходниот период, кога имаше пад во продажбата.

Останатите производители имаат намалена продажба, посебно Тесла, којашто во првото тромесечјеизгуби значителен дел од пазарот. Производителот од САД има пад од 46 проценти, меѓу другото и поради лошиот имиџ на Илон Маск, по неговиот влез во политиката.

Поголем пад имаат Нисан (-9,2%) и Тојота (-10,2%).

Одличен месец имаа БИД, Купра, Алфа Ромео и Мини, пад кај Тојота и Тесла

Во конкуренција на марки, БИД постигна одличен раст, од 9.806 лани, на 12.558 во април годинава.

[the_ad id=”85764″]

Купра исто така има раст од 46 проценти, со продадени 8.226 возила, втор најголем раст во бројот на возила по БИД. Алфа Ромео ја зголеми продажбата за 43 проценти, што се должи на успехот на новиот Јуниор. Мини е 38 проценти во плус, МГ има 26 проценти позитива.

Со раст во бројот на продадени возила следат Шкода (7.584 возила, +12%), Пежо (4.508 возила, +8,5%) и Рено (3.553 возила, +5,9%).

Во дното на табелата е Тојота, којашто изгуби 8.660 продажби во споредба со лани, исто и Тесла, со 6.790 возила помалку.

Претходна објаваЕлектричнотo комбе на Киа почнува од 33.000 евра во Германија
Следна објаваНовата Нисан Микра е електрична и ја дели основата со Рено 5

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here