
Новата Микра ја користи платформата АмрР на групацијата Рено, што е наменета за малечки автомобили и претставува основа и за Рено 5. Дизајнерите на Нисан сепак ѝ дадоа на новата Микра изглед сличен на СУВ.
Микра е еден од четирите нови електрични модели што Нисан ќе ги пушта во продажба до 2027 година.
По Микра ќе следи новиот компактен кросовер Лиф, а по него малечкиот СУВ- модел Џук, како и градско мини што ќе биде близнак на идното Рено Твинго и ќе почне со продажба в година.
Новиот модел ќе се нуди со иста големина на батерија како Рено 5, што значи со 40 или 52 кВч, за досег до најмногу 407 километри. Моќноста е 122 или 150 КС, зависно од батеријата.
Со вклучувањето на Микра во својата понуда, Нисан се надева дека ќе го врати својот удел на пазарот на електрични автомобили, каде што имаше солидно присуство во време на првиот Лиф. Во првите 4 месеци, електричните модели учествуваат со само 7,5 проценти во вкупната продажба на возила на Јапонците во Европа.
Големоволуменските производители мораат да постигнат удел на ЕВ од 20 проценти во продажбата, за да ги исполнат строгите ограничувања за ЦО2 што ЕУ ги воведе годинава. Единствен ЕВ што Нисан го нуди во моментов во Европа е СУВ-моделот од средна класа, Арија. Компанијата воопшто не нуди модели со приклучен хибриден погон во Европа.

Микра се произведува заедно со Рено 5 во фабриката на групацијата во Дуе, Франција. Двата модели имаат бројни заеднички делови, со цел да се скусат трошоците. Нисан во моментов се бори да ги сведе трошоците на најмала можна мера, за да ги спречи загубите.
Микра ја дели техниката со Рено 5, но изгледот е сосем друг
Микра се разликува од Рено 5 во бројни детали во изгледот, почнувајќи од тркалезните светла што се во стилот на претходните генерации на моделот.
Продажбата на Микра со бензински мотори престана во 2023 година, по пет генерации.
Задните светла исто така се тркалезни, додека нагласените крила и црните детали во основата на каросеријата создаваат појава на СУВ, за разлика од класичниот комбилимузински модел Рено 5, што со дизајнот го следи својот претходник од 1970-те години.
Купувачите ќе можат да избираат меѓу три изведби на внатрешноста, со имиња Модерн, Аудејшс и Чил. За внатрешното осветлување ќе може да се избира меѓу 48 бои.
За должината, Нисан само наведува дека таа е под 4.000 милиметри. За споредба, Рено 5 е долг 3.922 милиметри. Зафатнината од 326 литри на багажникот е иста со Рено 5.

Два екрани од 10,1 инчи се споени во целина и даваат информации за функциите на Гугл Мапс, со приказ на сите станици со полначи за електрични автомобили што се во досег во моментот.
[the_ad id=”85764″]
Зависно од големината на батеријата, брзината на полнење е 90 или 110 кВ. Според Нисан, полнењето од 15 до 80 проценти трае 30 минути. Топлинска пумпа се вградува стандардно, со цел да се смали потрошувачката на енергија за греење или ладење на кабината.
Во двете големини на батерија се користи никел манган кобалт хемија. Рено претходно најави дека работи на поевтини литиум железо јон батерии.















