
Париз има намера да ги избрка големите СУВ возила од центарот, преку драстично зголемување на цената за паркирање за тешките автомобили. Граѓаните треба да гласаат за тоа во почетокот на следната година.
Откако во септември ги забрани тротинетите за изнајмување по барање на жителите, Париз се подготвува на 4-ти февруари да одржи локален референдум околу тоа „дали на СУВ им е местото во градот“.
Место да воведува посебни критериуми, според коишто ќе се одредува дали некој автомобил е СУВ или не е, Градското Собрание има многу поедноставно и подобро решение: За секој автомобил што е потежок од 1,6 тон и за секој електричен автомобил што е потежок од два тони, ќе се плаќа поскап паркинг.
Скенери ќе ги читаат регистерските таблици на возилата и на тој начин ќе може да се провери дали некое возило спаѓа во „казнената“ категорија.
„Мораме да ги смалиме бројот и големината на автомобилите во градот, и поради тоа ќе го дадеме на гласање прашањето за тоа, колку простор треба да им се даде на овој вид возила во Париз,“ изјави за Ројтерс заменикот на градоначалничката и екологист Давид Белиар.
Во времето додека со градот управува Ан Хидалго, прва дама на оваа функција во Париз, од 2014 година, француската престолнина постојано го зголемува притисокот врз возачите, преку поскапување на паркингот и со постепено проширување на забраната за дизел возилата. Во исто време, се поттикнува користењето велосипед и се проширува мрежата од велосипедски патеки.
„Гласањето (за СУВ) има за цел, на сите тие што продолжуваат да ги користат своите приватни автомобили, да им порача: Не! За неколку години, за неколку месеци, тие нема да бидат добредојдени во Париз со овој вид возила,“ кажа Белиар.
Et hop, un nouveau tronçon vélo vient d’ouvrir rue la Fayette au niveau de Louis Blanc (enfin !). Il reste encore à faire mais les barrières de chantier ont été retirées et la piste est utilisable 💪🚴🏽♂️
Cc @ACORDEBARD @sylvainraifaud pic.twitter.com/OvL7QVfNmx
— David Belliard (@David_Belliard) November 24, 2023
Тој порача и дека Париз сака производителите на автомобили да престанат да ги произведуваат возилата од овој вид, бидејќи тие се прескапи, загадуваат премногу и се премногу гломазни за заглавениот центар.
Претседателот на здружението на возачи Филип Нозиер, кажа дека автомобилите станале потешки и поголеми поради безбедноста и комфорот.
„Производителите вложија големи напори во овие возила. Секако дека тоа доведе до повисока тежина,“ образложува претседателот.
Анри Дурет, жител на Париз, изјави за Ројтерс, „тие (СУВ) се симбол на друга ера … симбол за газење на другите. Бидејќи се потешки, тие тропат повеќе и соодветно загадуваат повеќе. Затоа ценам дека треба да се плаќа повисок данок“, кажува Дурет.















