Програмери што создале некои од највозбудливите игри, од рангот на Call of Duty, моментно се ангажирани во британска компанија што развива софтвер за автопилотирано возење. Тие наоѓаат многу сличности меѓу пишувањето код за видеоигри и за автомобили што немаат потреба од возач.
Светски лидер во развојот на софтвер за автономно возење ги вработува најдобрите програмери на видеоигри, кои работеле на некои од најпознатите игри во минатата декада, да создаваат софтвер за возилата на иднината. Програмери на летечки симулации, трки и најразлични спортови креираа симулиран свет за Oxbotica да го тестира својот софтвер за роботски автомобили.
Oxbotica користи анимациски техники како во холивудските блокбастери, а во исто време програмскиот код што е сличен со Fortnite или Call of Duty, помага при виртуелните тестирања. Симулацијата е клучна за развој на софтверот, затоа што дозволува тестирање во секакви услови и во сите сценарија. Тоа подразбира и сообраќаен метеж или непредвидливо однесување на пешаците.
Кога треба да се извршат промени во софтверот, тоа е брзо, безбедно и релативно евтино. Покрај тоа, симулациите може да се работат преку цел ден, што овозможува технологијата да се развива брзо.
Тод Гибс е еден од првите програмери што почна да работи за Oxbotica. Познавачите на сцената ќе се сетат дека тој го предводеше развојот на CSR Racing за iOS и Android, во својот претходен ангажман во NaturalMotion. „Постои голема сличност меѓу развојот на водечка игра и софтвер за автономно возење, на пример во принципите на кодирање и во фокусирањето во ефикасноста на процесорот“, кажува Гибс.
По достигнувањето на соодветното скалило во развојот, софтверот на Oxbotica потоа се испробува во вистински сообраќај, по улиците на Лондон и Оксфорд, со цел да се развие автономен екосистем што ќе може да се применува во полн обем, на секое место и во секое време.
https://photos.app.goo.gl/yqzUKzNQA5c5uW3G6
BMW ќе освежи софтвер на 500.000 возила „по воздух“
















