за

Од Златен волан до автомобил со најдобри врски: Сите награди на Opel во ’22

За наградите што лани ги освојуваа моделите на Opel, Риселсхајм објавуваше често. Еден комплетен преглед покажува колку тоа било често.

Сите модели на Opel се закитија со награди во минатата година, буквално од A до Z, од новата генерација на Astra до електричната повеќенаменска Zafira e-Life.

Во седиштето на марката во Риселсхајм ценат дека минатата година била „астраномска“ за Opel. Тоа секако асоцира прво на Astra, којашто од лани е присутна на пазарот во новата генерација и уште од старт наиде на одлична прифатеност.

Убави вести доаѓаат и од домашниот, германски пазар, каде што Opel Corsa лани беше најпродаван модел во градската класа, пред Polo & Co. Исто и Mokka, стилскиот СУВ-модел врз база на Corsa, од есеноска е најпродаван електричен автомобил во својот сегмент во Германија.

Свежиот пристап во развојот на новите модели, напредните техологии и вештите решенија, меѓу другото, на Opel Astra и на нејзината комби изведба Astra Sports Tourer им донесоа наслов на „Златен волан за 2022 година“.

„Емотивни, добри за секојдневието, и најважното, електрифицирани – така уште сега изгледа секојдневието во Opel“, кажува шефот Флориан Хуетл. „Моделите како новата Astra, Grandland или Mokka, покажуваат дека ги одушевуваме луѓето со решенија за мобилност од иднината. Тоа е можно само благодарение на одличниот ангажман на персоналот, а експертите и клиентите го одликуваат тоа со бројни награди. Голема благодарност за тоа!“

Уште во почетокот на годината, Opel во Турција го доби одликувањето „The ONE“, како „најценета автомобилска марка на годината“. Opel Corsa по 40 години од стартот на моделската серија, освои серија награди во Велика Британија. Бестселерот во градската класа беше одликуван од Fleet World како „Best Fleet Supermini“, додека Carbuyer го цени како „Used Small Car of the Year“, и во општа конкуренција, како „Used Car of the Year 2023“. Летонија на Opel Mokka ѝ ја призна титулата на „Car of the Year 2022”, за Ирска тоа беше „Irish Small SUV of the Year 2022”. Електричната изведба Mokka-e ја освои наградата „Erin Baker Award“ во Велика Британија.

Златен волан за сериската победничка Opel Astra, којашто марката ја поведува во нова ера

Во есента следеше најголемата радост за Opel. Тренерската ѕвезда и амбасадор на марката, Јирген Клоп, коментираше „Wow, da ist das Ding“, што во слободен превод звучи слично со „ау, еве го чудото“, кога прват се најде покрај новата Astra. Наградата „Златен волан 2022“ секако е најголема гордост за марката на достигнувањата лани. Со привлечен дизајн, напредни технологии и првпат во изведба како приклучен хибрид, новодојденката ги убеди читателите на магазинот AUTO BILD и неделникот BILD am SONNTAG, како и стручното жири.

Новата Opel Astra победи во категоријата за „Најдобар автомобил до 50.000 евра“. Третпат во низа, наградата оди во Риселсхајм, откако во 2020 година победи електричната Opel Corsa-e, за по неа да следи и електричната Opel Mokka-e.

Независното експертско жири на изборот за GCOTY, на ценетиот компакт му ја додели титулата за „Германски автомобил на 2023 година во компакт класата“. Серијата победи ја продолжи титулата за „Семеен автомобил на годината“, за комбито Astra Sports Tourer од страна на магазинот AUTO Straßenverkehr.

Сосем различен и сосем електричен, Opel Rocks-e исто така привлече многу внимание. Иновативниот градски четирицикл со електричен погон донесе свеж ветер во сегментот на лесните моторни возила, со својот посебен стил. Читателите на магазинот auto motor und sport, во рамките на изборот за „autonis“ дадоа најмногу гласови за Rocks-e, ценејќи го за „Најдобар дизајнерски новитет на 2022 година“ во категоријата на „мини автомобили“.

Преглед на главните награди за Opel и Vauxhall во 2022 година

New item by Automedia MK / Google Photos
Astra and

Astra Sports Tourer

Golden Steering Wheel 2022 AUTO BILD / BILD am SONNTAG, Germany
Best Family Car 2022 Business Car Awards 2022, UK
Best Family Hatch of the Year 2022 Top Gear, UK
German Compact Car of the Year German Car Awards, Germany
Family Car of the Year 2022 AutoStraßenverkehr, Germany
Grand Prix Automobile Awards 2022 France
Company Car of the Year 2022 Media Finance, Slovenia
Compact Car of the Year 2023 Motoring Media Association, Ireland
Corsa / Corsa-e Best Fleet Supermini Fleet World, UK
Used Small Car of the Year Carbuyer, UK
Used Car of the Year 2023 Carbuyer, UK
Mokka / Mokka-e Car of the Year 2022 Latvia
Irish Small SUV of the Year 2022 Ireland
Erin Baker Award Auto Trader New Car Awards, UK
Manta GSe Grand Prix du Festival Festival Automobile International, France
International German PR Award 2022 Deutsche Public Relations Gesellschaft, Germany
Rocks-e Autonis-Award: Best Design Novelty of 2022 auto motor und sport, Germany
Zafira-e Life / Crosscamp Flex Connected Car Award 2022 AUTO BILD / COMPUTER BILD, Germany
Combo-e Life Best Electric MPV What Car? Electric Car Awards 2022, UK
Vivaro-e Irish Van of the Year 2022 Ireland
Vivaro-e HYDROGEN 40th KS Energy and Environment Prize Kraftfahrer-Schutz e.V., Germany
Opel Turkey The ONE Award Turkey

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рекордна дивиденда од 7.300 евра за вработените во Mercedes-Benz

dacia bigster

Dacia вели поскапувањето на компактите е добро за марката да се развива