Во време кога сите фабрики за автомобили во светот се соочуваат со недостиг од чипови и најразновидни проблеми, што досегаат до недостиг од возачи на камиони за автомобилите да ги довезат до салон, Mercedes-Benz Group лани постигна највисока дивиденда во својата историја.
Како резултат од доброто работење на компанијата, Mercedes-Benz Group AG на своите вработени ќе им исплати рекордна дивиденда за 2022 година, којашто досега до 7.300 евра. Тоа е дури и над досегашниот горен праг, што беше поставен на 6.465 евра
На околу 93.000 вработени во Mercedes-Benz, коишто работат под посебен тарифен договор што им дава право на дивиденда, во платата за април 2023 ќе им биде пресметана рекордната дивиденда.
Во Mercedes-Benz уште од 1997 година се исплатува удел во успешното работење на компанијата, односно дивиденда, на вработените што работат со договор со утврдена тарифа. Во минатата година, премијата достигна 6.000 евра.
Покрај тоа, раководството на компанијата и работничкиот синдикат се договорија од 2023 година да се применува нов начин за пресметување на уделот во успешното работење во компанијата. На вработените со тарифен договор ќе им се пресметува дивиденда според истата логика како за раководството.
Mercedes-Benz AG вработува 172.000 лица во својата глобална мрежа, не сметајќи ги камионите и автобусите, коишто од лани се издвоија во посебен огранок Diamler Truck & Bus.