за

За добри седишта се оди по Opel Mokka

Opel го привлече вниманието на сцената со своите седишта, кога во 2003 година ги понуди првите AGR-седишта во Signum. Денес секој Opel доаѓа со одлични седишта, почнувајќи уште од Corsa & Mokka.

При неодамнешниот споредбен тест на потрошувачка во вашата Аутомедиа, кога со Opel Mokka 1.2 DI Turbo проверувавме колкава е разликата во потрошувачката, üеднаш при брзо возење, а потоа при незначително побавно, а внимателно возење во поглед на потрошувачката, забележавме уште еден квалитет во Mokka. Седиштата.

Тоа воопшто не би требало да биде изненадување, ако се има предвид дека Opel веќе има долга традиција во намерата, на своите возачки и возачи, на сите патници, да им понуди пред сé добро седење. Германската марка со молњата има мисија, новите технологии што се од клучна важност за возењето, да ги направи да бидат ценовно достапни за колку е можно поширок круг купувачи, во релативно кусо време.

Порано, новите технологии доживуваа премиера во скапите и престижни автомобили, и беа потребни долги децении, додека нивните технологии пристигнат во автомобилите за народот. Opel го смени тоа. Пример за тоа се актуелните технологии во светлата, што Opel прв ги понуди по мошне достапна цена, но уште подобар пример се седиштата. Тоа влече корени од 2003 година, кога Opel го претстави Signum.

За премиерата на луксузното комби Signum, модел со техника од Vectra, којшто требаше на Риселсхајм да му донесе поголема заработка, со богатата и софистицирана опрема, Opel првпат вгради во свој модел седишта AGR. Кратенката доаѓа од Aktion Gesunder Rücken, односно Акција за здрав грб, како иницијатива на здружението на германските ортопеди. Седиштата со печат AGR, значи со одобрение од здружението, гарантираа правилно седење.

New item by Automedia MK / Google Photos

Понатаму, седишта со печат AGR почнаа да се нудат и да се вградувааат во сите модели, во целата гама, согласно мисијата на Opel за обнародување на новите технологии, односно во случајов, за седишта со врвна ергономија и комфор да бидат достапни помасовно.

При седнувањето во Opel Mokka, секако дека прво се стекнува впечаток од седиштата, тоа е квалитет што денес веќе се подразбира во германската марка

Така дојдовме и до 2021 година, до тестот на потрошувачка со Opel Mokka, кога мораше многу часови да се поминат во седиштата на стилскиот хит-кросовер. Точно е дека на тест беше топ-модел, со ниво Ultimate и цена од близу 25.000 евра, вклучувајќи и автоматски менувач со 8 степени на пренос. Меѓутоа, истите седишта во основа се вградуваат и во моделите со послаба моторизација, а секако дека и за седиштата во основните нивоа на опрема се почитуваат стандардите што Opel сам си ги постави високо.

Во меѓувреме не се комуницира токму гласно за AGR-печатот, но сцената веќе знае дека во Opel се седи добро. Седиштата во Opel Mokka, исто како и во секој друг модел од актуелната генерација, потекнуваат од сопствен развој. Тоа значи дека во Mokka & Co не се вградуваат седишта од „закачалка“, што добавувачите на автомобилската индустрија ги нудат како масовна стока, достапна за секоја марка, туку се нудат токму Opel-седишта.

New item by Automedia MK / Google Photos

Може да биде и многу луксузно. Со доплата во висина од 420 евра, во топ-нивото Ultimate се вградуваат целосно кожени седишта, вклучувајќи масажа и електрично местење во слабинскиот дел. Греењето веќе е стандард во Mokka Ultimate. Релативно достапната висина на доплатата за кожените седишта во ова ниво доаѓа од фактот што во нивото стандардно се вградува алкантара и премиум вештачки материјал со изглед на кожа. Доколку оваа опција се избере кај Elegance, тогаш доплатата изнесува 1.210 евра.

New item by Automedia MK / Google Photos

Значи, не е само изгледот тоа што вреди кај Opel Mokka, туку овој автомобил поседува и „класични“ квалитети. Затоа, право во салон, на проба. Секако дека можете да ги прочитате и нашите најнови објави за моделот.

>>> Тест: Opel Mokka е како враќање на Manta и Calibra во СУВ-ерата

>>> Тест на Аутомедиа: Колку корист од брзото возење?

Кон официјалниот вебсајт https://www.opel.mk/

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Клима уредот на Škoda знае кога воздухот е нечист

Kia зграпчува сé поголем дел од европскиот пазар