за

Kia зграпчува сé поголем дел од европскиот пазар

Продолжува рекордерската низа на корејскиот производител. Kia во октомври учествувала со 5,4% во продажбата на автомобили во Европа.

Вкупно во десетте месеци, Kia продала на европскиот пазар за 21,9 проценти повеќе возила отколку во истиот период лани. Тоа се повеќе од 430.000 возила, до крајот на годинава може и Ford да биде престигнат.

Kia им нуди на европските купувачи иновативни и технолошки напредни автомобили што се фер кон животната средина, и таа формула успева одлично. Во услови кога целиот автомобилски пазар во Европа, во периодот од јануари до октомври има продадено само 2,7 проценти повеќе возила отколку лани, Kia постигнува раст од дури 21,9 проценти.

Секако дека доброто напредување со продажбата ѝ донесе на Kia и нов рекорд. Корејците во октомври учествувале со 5,4 проценти во вкупниот пазар во Европа. Овој рекорд следи по претходниот рекорд. Во првите три квартали Kia постигна рекорден удел на европскиот пазар, што беше крунисан со удел од 4,2 проценти во третиот квартал.

 Во октомври во ЕУ, ЕФТА и Велика Британија биле продадени вкупно 798.693 возила. Kia учествува во оваа продажба со 5,4 проценти, односно со 42.809 продадени возила. Дури и сестринската марка Hyundai не може да држи чекор со Kia и заостанува со продажбата во Европа, иако во моментов е во предност во дел од пазарот, затоа што прва стартуваше со новата генерација на Tucson. Но, таа предност нема да трае долго, Kia Sportage веќе во декември може да стартува на главните пазари во Европа, а сосем е за очекување новиот Sportage точно со Европа да се појави и во Киа Моторс Македонија.

Импресивни се резултатите, пазарот се менува подинамично и порадикално од кога било досега, во време кога некои марки значително напредуваат во продажбата, додека други марки бележат големи падови. Во меѓувреме, Kia до октомври продала повеќе возила на европскиот пазар од Opel, Fiat, Citroen, Seat, Dacia, и секако Hyundai.

>>> Kia започна со производство на новиот Sportage во Жилина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За добри седишта се оди по Opel Mokka

Mercedes-Benz Actros вози 25 години