за

Kia започна со производство на новиот Sportage во Жилина

Петтата генерација на Kia Sportage е пуштена во редовно производство во фабриката во Словачка.

KIA SPORTAGE

Во фабриката на Kia во словачка Жилина, на производствената линија што е долга вкупно 7,5 километри стартуваше нов модел. Петтата генерација на Sportage е најнова во долгата низа на моделот што се произведува во фабриката уште од 2006 година.

Повеќе од два милиони примероци се испорачани досега од фабриката на Kia во Жилина, што стратешки вешто е позиционирана блиску до границата со Чешка и со Полска, каде што се наоѓаат погоните на главните добавувачи на фабриките на автомобилските марки. Оттаму беспрекорно се снабдува целиот европски автомобилски пазар.

Првпат во 28-годишната историја на моделот се изработува изведба на Kia Sportage што посебно е конструирана, развиена и приспособена за европските купувачи. Платформата е нова, каросеријата соединува елегантни, но и мускулести форми, со модерни црти, а внатрешноста пречекува со висока технологија и врвна изработка. Меѓу посебните обележја на новиот Sportage е широкиот и заоблен дисплеј што го покрива целиот простор пред возачот и над средишната конзола.

 Електрификацијата на Kia веќе е во напредна фаза и сосем е нормално тоа што Sportage ќе биде достапен и во изведби со три степени на електрификација на погонската спрега: Како благ хибрид, со 48-волтен стартер-алтернатор, како добар и класичен хибрид (првпат во Sportage) и како приклучен хибрид со можност за полнење на батеријата, што исто така е важна новина во гамата на СУВ-моделот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Kia е подеднакво присутна во сите региони, па традиционално ги опслужува пазарите на коишто и натаму им е најважно да имаат бензински или дизел мотор, без електрификација. Моторите за новиот Kia Sportage имаат подобрена ефикасност и соодветно намалена емисија на штетни материи. Исто има и широк избор на варијанти на менувачи.

Во фабриката во Словачка ќе се произведува Kia Sportage во сите видови погонски изведби: Приклучен хибрид, класичен хибрид, благ хибрид и чисто бензински или дизел варијанти

Покрај изведбите со преден погон и со напреден погон на сите тркала, од фабриката во Жилина ќе излегуваат и варијaнтите GT-Line, со спортска појава, но со непроменет возен комфор од стандардната изведба. Првпат во гамата на Sportage ќе биде достапна и изведба со црн покрив, како опција за GT-Line. На тој начин уште повеќе се става нагласок на динамичниот изглед на задните столбови.

Жилина произведуваше три генерации на Sportage, почнувајќи со втората генерација во 2006 година. Од неа се произведоа 104.500 примероци, продукцијата во третата генерација се искачи на 797.500 примероци, а моделот во заминување надмина еден милион, стартувајќи во 2015 година. Во почетокот на годинава, словачката фабрика одбележи четири милиони произведени возила на Kia.

>>> Kia Sportage најпродаван автомобил во Македонија во август

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda Karoq се појавува во ново издание на крајот на месецов

Германија: Казна за паркирање на тротоар 100€, пред полнач 55€