за

Mercedes-Benz Actros вози 25 години

Четвртина век постоење на камионот од врвна класа. Секоја генерација ја надминуваше претходната во штедливост, безбедност, издржливост, комфор, а сега следи и електрификацијата.

Пет генерации на Mercedes-Benz Actros досега се пуштени по патиштата ширум светот, во превоз на долги релации и во дистрибуција на тежок товар. Меѓу бројните иновации во премиум-камионот се првиот асистент што запира самостојно при пречка на патот, асистент при скрмнување, па дури и автопилот од ниво 2, за сега да следи електрификација.

Првиот Actros беше претставен пред 25 години, за одбележување на 100-годишнината од првото товарно возило што го конструираше Готлив Дајмлер. Тоа беше стартот на серијата што до денес го претставува врвот во својот сегмент. Повеќе од 1,4 милион примероци се произведени во изминатите две и пол децении.

Појавувањето на секоја генерација на Mercedes-Benz Actros постојано беше придружувано со титула на „Светски камион на годината“, од специјализираните новинари за камиони од цела Европа. Наградата му се доделува на камионот што постигнал најголем напредок во економичноста, емисијата, безбедноста, возните својства и комфорот.

Премиерата на Actros 1 донесе бројни новини: Електронски систем за сопирање EBS, целосно автоматизиран менувач, CAN-Bus и кабина Megaspace со рамен под. Наследникот донесе темпомат за растојание, сопирање при опасност Active Brake Assist, систем за задржување во лента, менувач Powershift и нов систем за складирање работи во кабината.

New item by Automedia MK / Google Photos

Actros 3 одушеви со сензори за светлина и за дожд, со усовршен Active Brake Assist и преработен менувач Powershift, за по него да следи Actros 4 со нова генерација мотори со Euro VI, со GPS-темпомат Predictive Powertrain Control, пак со нов Powershift, со нова генерација Active Brake Assist 4 што препознава пешаци, како и асистент при скршнување на крстосница.

Актуелниот Actros донесе четири светски премиери

Петтата генерација стартуваше со продажба во 2018 година, со четири светски премиери. Active Drive Assist (ADA) е прв полуавтопилотски систем (Ниво 2) што се има појавено во серија. Тешкиот камион со овој систем сам ја следи лентата, држи растојание, па дури и совладува свијоци со одреден радиус. Заштита за пешаците нуди Active Brake Assist 5, кој може целосно да го запре камионот. 

Првпат беа отстранети и ретровизорите кај еден камион. Место тоа, Actros стандардно доаѓа со Mirror Cam. Четврта премиера е новиот мултимедиски кокпит со два големи дисплеи, слично како во автомобилите на Mercedes-Benz.

New item by Automedia MK / Google Photos

Главен претставник на тековната генерација е Astros L, со подобрена звучна изолација, комфорна просторност, оптимирано седење и со доплата со новодизајнирани ЛЕД-светла.

Во меѓувреме започна и нова ера, со електричниот eActros, што имаше премиера на крајот на јуни.

New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Гордост кога имаш Mercedes Actros од лимитирана серија

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia зграпчува сé поголем дел од европскиот пазар

Ionity до 2025 година ќе постави 5.000 нови брзи полначи