Гордост кога имаш Mercedes Actros од лимитирана серија

Тобијас Велмер од шпедицијата Гресел од германскиот град Нојштат неодамна го презеде својот Actros Edition 2 во центарот за клиенти во фабриката на Mercedes-Benz во Верт. Тој е сопственик на еден од 400-те примероци од специјалната серија на премиум камионот со сребрената ѕвезда.

Покрај бројните додатоци и преработки на Edition 2 во споредба со стандардниот модел, овој Actros поседува уште бројни опции по избор на Тобијас. Арматурната табла, на пример, обложена е со напа телешка кожа, исто како и воланот. Шефот на шпедицијата за којашто Велмер работи веќе 16 години се сложил за оваа скапа опција.

Предниот дел на Actros Edition 2 целосно е лакиран во боја на месечев камен со металик тон. Тоа исто така е по желба на возачот. Кабината е во варијантата GigaSpace, тоа е најголемата кабина што се нуди за Actros. Тоа е сосем разумен избор, имајќи предвид дека Тобијас обично е на пат цела недела.

https://photos.app.goo.gl/EbjSm3wMxqmxrvos7

За возачот да има целосна комоција, кабината внатре е изведена со комфорна фотелја и масичка место совозачко седиште. Во поглед на моторот исто владее висок стандард. Моторот е линиски шестцилиндарец од 12,8 литри со моќност од 390 kW, односно 530 КС.

Возилата од специјалната серија се разликуваат од стандардната во околу 40 ставки. Пример за тоа се скалилата што се изработени од нерѓосувачки челик. Дури и анимацијата на дисплејот при стартувањето на возилото е посебна за „Edition“.

https://photos.app.goo.gl/71JYKyie4WreX84R8

>>> Mercedes Actros е ѕвезда на автопатот: Специјална серија од 400 примероци

Претходна објаваКомбито од новиот Peugeot 308 продолжува традиција од 70 години
Следна објаваЕлектричната изведба на BMW X3 со новини во 2022 годиште

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here