Mercedes Actros е ѕвезда на автопатот: Специјална серија од 400 примероци

Mercedes Actros е ѕвезда на автопатот: Специјална серија од 400 примероци

Првиот од 400 примероци од Mercedes Astros Edition 2 e полиран до висок сјај и подготвен е во следните денови да му се испорача на сопственикот. Веќе се работи на останатите примероци од специјалната серија камиони што со својата препознатливост ќе привлекуваат погледи додека возат во својата природна средина, по автопатиштата.

Впечатокот за луксуз е првото што го оддаваат камионите од серијата Edition 2. арматурната табла и облогите на вратите се обложени со мека напа-телешка кожа, повеќе делови во внатрешноста се обложени со панели со изглед на карбон, а секако дека и амбиентално осветлување не смее да недостига.

Исто така се забележуваат украсните лепенки зад страничните прозорци со „ѕвездена шема“, натписот Edition 2 на лакираниот штитник за сонце, амблемот Actros напред, па уште еден натпис Actros од задната страна на кабината, четири дополнителни светла со диодна техника во штитникот за сонце и три работни рефлектори зад возачката кабина.

Отстрана се главни скалилата од благороден челик и уште бројни детали од истиот материјал. Во „стандардната“ опрема спаѓаат уште осветлена ѕвезда на Mercedes-Benz со црна маска и петте украсни маски во темен хром. Исто и основата на светлата е затемнета.

>>> Mercedes Actros што влече 250 тони произведен во 500-от примерок

Претходна објаваРСБСП: Кој, како, кога и каде може да управува електричен тротинет?
Следна објаваŠkoda Fabia стана голема колку „голф четворка“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here