за

Клима уредот на Škoda знае кога воздухот е нечист

Škoda во повеќе свои модели го нуди системот Climatronic Air Care, чијашто предност е во тоа што автоматски го прекинува дотокот кога е загаден воздухот.

Автоматските клима-уреди со систем Air Care во моделите на Škoda се делотворни во намалувањето на загаденоста на воздухот во кабината на возилото со честички PM и полен.

Системот Climatronic Air Care располага со сензор што мери дали воздухот е загаден со штетни материи и автоматски префрлува на кружење на воздухот во кабината, без доток на надворешен воздух. Вградениот систем за квалитет на воздух AQS (Air Quality System) со автоматска рециркулација придонесува во голема мера за здравјето на патниците и прави престојот во возилото да биде попријатен, посебно при возење во градски метеж, но и при патување. Škoda ги вградува клима уредите со оваа функција во своите модели Enyaq iV, Karoq, Kodiaq, Octavia и Superb.

Делотворниот филтер на системот Air Care постојано го пречистува воздухот во кабината. На тој начин во голема мера се впиваат честичките, поленот и непријатните миризби, односно патниците во возилото се поштедуваат од нивното штетно или непријатно влијание.

Зависно од моделот, Škoda вградува Climatronic со дво- или тризонски систем, што на возачот и совозачот им овозможува да изберат различна температура. Третата зона на регулација важи за задната клупа, каде што патниците можат преку посебни контроли да избираат температура што им одговара најмногу. Air Care се вклучува како дополнителна опција и преку повеќеслоен филтер за кабина прави возењето да биде попријатно. Тоа секако важи и за лицата што се чуствителни алергиски.

Функцијата Air Care го пречистува воздухот во кабината на возилата на Škoda

Функцијата Air Care на автоматската клима Climatronic користи различни сензори и современ комбиниран филтер со активен јаглен, за во кабината да се постигнат најдобар квалитет и правилна влажност на водухот. За таа цел меѓу другото се следат и температурата на ветробранот, како и влажноста на воздухот.

За да се спречи замаглување на ветробранот, по потреба се вклучува компресорот на климата. Тоа важи сé додека надворешната температура не е под нулата. Во таков случај, системот се вклучува во режим за одмрзнување и го насочува воздухот кон ветробранот и кон страничните стакла. Покрај тоа, вентилаторот работи со зголемен интензитет за да ја отстрани влажноста од кабината.

volkswagen golf 8 ракување клима
Новиот начин на ракување со функциите на климата беше водеден прво во Volkswagen Golf 8

Воздухот што струи низ кабината постојано се спроведува низ филтерскиот систем и темелно се чисти. Филтрите за честички, со активен јаглен и за алергени ги впива честичките, чадот и поленот, и ги потиснува и непријатните миризби. Climatronic со функција Air Care се вградува сериски во моделите на Škoda од повисоките класи или е достапен како опција.

Во некои модели, системот AQS располага со дополнителен сензор за штетни материи, што ги впива гасните нечистотии, како јаглеводороди, азотни оксиди или сулфурен диоксид. При зголемена концентрација на овие гасови во кабината, автоматски се прекинува дотокот на свеж воздух и системот привремено префрлува на рециркулација. Кога воздухот е чист, автоматски се отвора дотокот на звеж воздух. Системот Air Care со функција AQS со филтер за штетни материи е достапен за моделите Enyaq iV, Karoq, Kodiaq, Octavia и Superb.

>>> Неколку совети од Škoda околу одмрзнувањето на стаклата

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Поштата во Русија доаѓа со електрична GAZelle

За добри седишта се оди по Opel Mokka