Новата Opel Insignia доаѓа со освежен изглед и комплетно преработен кокпит, но има новитети и под хаубата. Големиот Opel ги има најштедливите дизели и бензинци во класата.
Со просечна потрошувачка според фабричките норми од 3,7 литри на сто километри, Opel Insignia 2.0 CDTI е најштедливиот модел во класата, во обете верзии на моќност на дволитарецот (120 и 140 КС). Инженерите на марката со молњата најавуваат дека промените во оските, амортизацијата и управувањето придонесуваат за зголемување на динамиката на возење, без жртвување на комфорот.
Новитети кај бензинците се 2.0 SIDI (директно впрскување на горивото и турбонатполнење) со 250 КС и 400 њутнметри, и помалиот 1.6 SIDI со 170 КС и 260 њутнметри. Според фабрика, последниов мотор троши 5,9 литри бензин на сто километри, што е за цели 16 проценти помалку отколку кај претходникот. Дополнителна заштеда може да се постигне со користење обичен место супер бензин.