Опел Грандленд на снег, електричен и со погон на сите тркала

Изведбата на Опел Грандленд со втор електромотор назад има убедливи аргументи: 325 КС, приспособливи амортизери, до 502 километри досег.

Возењето лете е уживање, патиштата се суви, глетките усреќуваат. Зиме е друго. Глетката пак усреќува, но не и патиштата, барем е така ако се вози обичен автомобил. Опел излезе на снег со својот електричен Грандленд во посебна изведба со погон на сите тркала и објави мошне инспиративни кадри.

За електричните автомобили важи дека досегот им се скусува драстично кога е студено. Сцената во меѓувреме научи дека не треба да се паничи со ЕВ при секој студ, а сега Опел убедува дека ЕВ се способни и за предизвикувачки услoви на возење на снег и на мраз. Секако, се работи за новата електрична изведба на Опел Грандленд, со погон на сите тркала, односно со втор електромотор назад.

Тоа е прв електричен модел со молња во логото, што вози со погон на сите тркала. Опел Грандленд АВД стандарно поседува и подвозје со амортизери што се приспособуваат според фреквенцијата на ударите што доаѓаат од нерамнините. Опел тврди дека возењето во зимски услови со оваа технологија е мошне пријатно.

Моќност 325 КС, вртежен момент 509 њутнметри, два електромотори и 4 начини на работа

Двата електромотори заедно создаваат системска моќност од 325 КС: Напред работи електромоторот од стандардната изведба од 213 КС, додека задната оска добива погон од е-мотор од 112 КС. Погонот на сите тркала ја зголемува агилноста при возење по серпентини, посебно по планински патишта, што водат до скијачките центри. Корист има и безбедноста.

Тоа што најмногу плени кај е-погонот, секако е високиот вртежен момент што се постигнува кусо по поаѓањето. Предниот е-мотор располага со максимални 334 њутнметри, задниот со 166 њутнметри.

Динамиката и сигурноста се спојуваат со удобно возење

За комфорот во возењето на Грандленд АВД придонесуваат и приспособливите амортизери. Тие поседуваат дополнителен вентил и втор систем низ којшто се движи маслото во амортизерот. Зависно од фреквенцијата на ударите од нерамнините, амортизерите реагираат различно – покруто на повисока фреквенција, односно на автопат, и помеко на пониска фреквенција, на пример, на планински пат.

Верзијата АВД користи пружини и стабилизатори што се разликуваат од стандардниот модел, а управувањето и ЕСП исто така се нагодени различно.

За возење на лизгава подлога служи режимот 4ВД, кога двата електромотори постојано ја распределуваат моќноста до четирите тркала. Во овој режим се приспособува и работата на ЕСП и на контролата на тракција.

Во нормален режим, погонот се сведува на предниот е-мотор, додека задниот се вклучува само по потреба. Моќноста е ограничена на 313 КС, вртежниот момент на 450 њутнметри. При кик-даун, активни се двата е-мотори.

Во спортски режим, системската моќност се распределува во сооднос 60:40 меѓу двете оски, со цел да се постигне поголема динамичност. Штедливиот режим ја ограничнува моќноста на 213 и вртежниот момент на 343 њунтметри, за да се постигне подолг досег. Клима уредот исто така работи во еко-програма.

Убедува вредноста на спринтот: 6,1 секунди до темпо сто

Со коефициент на отпор 0,278, Грандленд АВД е најаеродинамичната изведба во гамата на моделот. Тоа помага и при забрзување, и при возење на автопат, а најголемата придобивка е во досегот. Со батерија НМЦ од 73 кВч, Опелот постигнува досег до 502 километри. При користење брз полнач, батеријата се полни од 20 до 80 проценти за околу 30 минути.

На македонската сцена во моментов е најактуелен друг модел на Опел

Претходна објаваКина прва ги забрани впуштените рачки во вратите
Следна објаваЕвропските добавувачи се префрлуваат на производство на воена техника

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here