Кина прва ги забрани впуштените рачки во вратите

Кина забрани електричните возила да поседуваат сокриени рачки, и со тоа е прва земја во светот што ја забранува практиката започната од Тесла. Откако ширум светот се случија кобни незгоди поради ваквите рачки, можно е тие наскоро да бидат забранети целосно.

Автомобилите што се продаваат во Кина мора да поседувaaат механички рачки во вратите, како надвор, така и внатре. Така пропишуваат новите безбедносни правила, што ги воведе Министерството за индустрија и информатика.

Одлуката ќе стапи на сила на 1-ви јануари 2027 година, соопшти министерството. Моделите што веќе имаат добиено одобрение од властите и коишто се непосредно пред почетокот на нивната продажба во Кина, имаат рок до јануари 2029 година да претрпат соодветни промени во рачките.

Овој чекор следи откако се случија низа незгоди со смртни последици, што привлекоа бурни реакции во јавноста, вклучувајќи две возила Шаоми во Кина што беа зафатени во пожар. Постои сомнение, дека поради прекинатото напојување со струја, вратите не можело да се отворат, за луѓето да излезат или да се пристапи до нивно спасување.

Иако новите прописи ќе се применуваат само за електрични возила што се продаваат во Кина, поради влијанието што земјата го има во светски размери, за очекување е дека тие ќе влијат и врз останатите региони.

За вратите на возилата Тесла веќе се води истрага во САД за нивната безбедност. Европските регулатори исто така разгледуваат можност да воведат слични прописи.

Истражувањата дали е соодветна конструкцијата со сокриени рачки во Кина започнаа уште во јули 204 година, откако се случија два судири со електрични возила, во коишто патниците загинаа заглавени вовозилото, поради тоа што вратите не се отвораа.

„Од улога на најголем пазар за електрични возила, Кина е на пат да прерасне во креатор на правила со коишто се регулираат новите технологии во возилата,“ кажува Бил Русо, основач на консултантската фирма Аутомобилити со седиште во Шангај. „Повлекувајќи го првиот чекор, Пекинг може да го искористи својот огромен домашен пазар и да воведе безбедносни стандарди, што во земјата ќе мораат да ги почитуваат и домашните и странските производители на автомобили – коишто соодветно ќе го следат кинескиот извоз на електрични возила и ќе влијаат врз светските норми.“

Овие промени веројатно нема да имаат ист ефект насекаде и нејасно е како тие ќе влијаат врз цената. Неименуван експерт што работи на конструирање возила за еден кинески производител на ЕВ, тврди дека промените би надминале 100 милиони јуани (околу 12,2 милиони евра) по модел.

Извршната потпредседателка на компанијата Би Уај Ди, Стела Ли, во интервју за Блумберг ТВ изјави дека нормите не влијаат премногу врз компанијата и дека истата е подготвена да ги приспособи своите модели согласно правилата.

Забраната може да влијае врз Тесла и БМВ

Околу 60 проценти од стоте најпродавани модели со електрифициран погон во април, имаат сокриени рачки, пишува Чајна Дејли. Промените во конструкцијата најмногу ги погодуваат луксузните модели со висока маржа, коишто обично имаат елегантна и футуристичка линија.

Тоа се однесува на Тесла Модел Уај и Модел 3, како и на БМВ и-Икс-3, чијашто верзија за Кина ќе биде пуштена во продажба во 2026 година. Нио ЕС8, Ли Ауто и8 и Шаопенг П7 исто така имаат сокриени рачки.

Претходна објаваКако Шкода го постигна спортското чувство во Фабија 130
Следна објаваОпел Грандленд на снег, електричен и со погон на сите тркала

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here