за

Електрична Opel Corsa за рели ѝ послужи како сликарско платно на берлинска уметница

Многу врева се создава на сцената околу еден тркачки автомобил што е мошне тивок додека вози рели. Елиза Клинкенберг ја претвори Opel Corsa Rally Electric во „слика“.

На Opel му успеа уште едно пионерско поглавје, откако во соработка со клубот ADAC ја пушти Opel Corsa Electric да вози рели – тоа е првпат да се вози рели куп со една марка, со електрични автомобили. Во меѓувреме, електричната рели Corsa, освен во Германија се трка во уште неколку држави. Сега овој необичен тркач стана и „сликарско платно“ за Елиза Клинкенберг, уметница од Берлин.

Opel Corsa Rally Electric е прв целосно електричен автомобил за рели, што го вози првиот рели-куп за една марка во светски рамки, ADAC Opel Electric Rally Cup „powered by GSe“. Германците вешто го искористија овој момент за да ја развижат рекламната машинерија и да ја доразбудат сцената за тоа што се случува со електричната Corsa во мотоспортот.

Секако дека додатокот „powered by GSe“ во името на купот потсетува дека Opel во својата понуда има прилично солидна понуда од модели со електрифициран погон. Во иднина, уште повеќе.

Публиката ја сака појавата на елеткричната Corsa во рели-спортот, затоа што таа прави сé што прават другите тркачки машини со мотор со внатрешно согирување, што значи забрзува исто толку моќно и се вози исто толку тркачки како нив, но суштината разлика е во тоа што таа останува тивка, речиси нечијна.

Opel Corsa Rally Electric е сосем сигурно дека делува како магнет за публиката. Берлинската уметница Елиза Клинкенберг доби задача од Opel да ја претвори Corsa Rally Electric во своевиден „Art Car“. Овој автомобил понатамну ќе се појавува во бројни пригоди.

Corsa Rally Electric, изработена од Елиза Клинкенберг во форма на Art Car, докажува дека Opel  стана поелектричен, подинамичен, поразновиден и попрогресивен од кога било досега
Ребека Рајнерман, шефица за маркетинг во Opel

Ребека Рајнерман, директорка за маркетинг во Opel

„Мотоспортот и уметноста досега беа главно подрачја на мажите. Но, за нас, разновидноста во Opel Electric Rally Cup претставува адут. Мотоспортот со сигурна иднина не само што е електричен, туку е и поразновиден. Со Corsa Rally Electric, изработена од Елиза Клинкенберг во форма на Art Car, покажуваме дека Opel, исто така и надвор од мотоспортот – стана поелектричен, подинамичен, поразновиден, и со тоа попрогресивен од кога било досега, кажува директорката за маркетинг во Opel, Ребека Рајнерман.

Риселсхајм сними симпатично видео за настанокот на ова необично уметничко дело. Посебен „шмек“ е тоа што Клинкенберг во видеото зборува на мајчиниот германски јазик – шмек, патем, доаѓа од „гешмак“ (der Geschmack), вкус.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Инвеститорите бараат одговорност за бавниот старт на Fisker

Mercedes почнува со нарачки за првото AMG-ниво на својот најпродаван GLC