Mercedes почнува со нарачки за првото AMG-ниво на својот најпродаван GLC

Новиот GLC 43 4Matic донесува вредно освежување во гамата од СУВ-модели со спортски перформанси на Mercedes-AMG. Салоните можат да почнат со примање нарачки, цената за ексклузивната спортска изведба на GLC во Германија почнува од 86.870 евра, вклучувајќи 19% ДДВ.

Како што е вообичаено за AMG и како што тоа посебно ѝ се допаѓа на сцената, Mercedes-AMG GLC 43 4Matic настапува со бројни зафати во надворешноста и во внатрешноста. Со тоа се нагласува карактерот на модерен луксуз, што Mercedes-Benz го „вградува“ во своите автомобили.

Маската е различна, со препознатливите вертикални пречки, а секако дека и браникот прикажува стил на AMG, со хромирани украси и со надолжни ламели во масивните странични отвори за воздух. На тоа се надоврзуваат проширените странични прагови, задниот браник што е изведен во стил на дифузор и двете тркалезни издувни цевки.

Седиштата се обложени со квалитетна имитација на кожа Artico, во комбинација со микрофибер MICROCUT AMG, со посебна шара и со спортски стил. Со доплата може да се добие стандардна кожа или најмека телешка напа-кожа, со втиснат грб на AMG во предните потпирачи за глава. Како опција стојат на располагање и спортски седишта AMG Performance.

Погонот е задача на 2,0-литарскиот бензинец со фабрички код M 139, што се вградува во најширок опфат на модели, почнувајќи од A 45 до SL 43. Посебноста на моторот е во електричниот погон на турбокомпресорот, што придонесува за моќноста да достигне екстремни вредности за оваа категорија на зафатнина: 421 КС.

Стартер-генераторот што е поврзан со коленастото вратило преку ремен испорачува дополнителни 10 kW (14 КС) при поаѓање и при ниски вртежи.

Пакетот го заокружуваат погон на сите тркала, активно подвозје AMG RIDE CONTROL, активно управување на задната оска и менувач со кусо времетрањето на промените на степен.

Бројни опции стојат на избор во вообичаено богатата понуда од дополнителна опрема:

  • Пакет за надворешност AMG Night: 892,50 евра
  • Пакет за надворешност AMG Night II: 654,50 евра
  • Пакет за надворешност AMG Carbon I: 3.510,50 евра
  • Каросерија во боја MANUFAKTUR hightechsilber magno: 3.927 евра
  • Седишта AMG Performance Advanced: 2.558,50 евра
  • Седишта AMG Performance High-End: 5.521,60 евра
  • Пакет AMG DYNAMIC PLUS: 2.380 евра
  • AMG Real Performance Sound: 654,50 евра

Претходна објаваЕлектрична Opel Corsa за рели ѝ послужи како сликарско платно на берлинска уметница
Следна објаваШто прави Porsche 911 S/T да биде вреден 300.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here