за

Opel Corsa е најпродаван автомобил во Германија во април

Opel и досега го имаше најпродаваниот модел во градската класа, но сега го има и најпродаваниот автомобил воопшто на германскиот пазар – секако, Corsa.

Opel Corsa во минатиот месец се врати на врвот на листата на најпродавани автомобили во Германија, најголемиот и најважен пазар на автомобили во Европа.

Со повеќе од 5.200 продадени возила во Германија, бестселерот на Opel во април не само што е прв меѓу автомобилите од градската класа, туку е прв и во општа конкуренција, во сите сегменти.

Во споредба со истиот месец лани, продажбата напредувала за повеќе од 68 проценти. Со тоа воедно се докажува дека марката од Риселсхајм навистина ја зголемила ефикасноста и продуктивноста во своите фабрики, како што и посочи директорот Флориан Хутл во интервјуто што го објавивме синоќа.

Продажбата на Opel на ниво на цела марка во април пораснала за 22 проценти во споредба со истиот месец во 2022 година

Со одличниот априлски биланс, Opel Corsa се врати и на врвот на продажбата во својата класа, по првите четири месеци од годината. Од јануари до завршетокот на април, во Германија биле регистрирани повеќе од 16.000 примероци од Opel Corsa.

„Силниот април ни дава ветер во грб. Со новата целосно електрична Astra Electric, за кусо време ќе продолжиме да му даваме нови импулси на пазарот“, кажа Штефан Молданер, шеф на маркетингот на Opel во Германија.

Од дебито на првата генерација во 1982 година, Opel досега има продадено повеќе од 14,5 милиони примероци од својата Corsa.

Продажба на моделските серии на Opel во Германија, во април, и од јануари до април

ASTRA 1,302 5,394
COMBO 355 1,786
CORSA 5,243 16,322
CROSSLAND X 1,021 4,019
GRANDLAND X 1,098 3,448
INSIGNIA 257 1,701
MOKKA 2,219 8,162
ZAFIRA LIFE 155 1,094
ДРУГИ 2 7

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нови модели во Мак Аутостар: Луксузот во Mercedes почнува од A

Alpine A290 Beta ветува мошне возбудлив период на групацијата Renault