Околу 200.000 примероци од актуелната Corsa мораат присилно да ги посетат сервисните работилници. Поради конструкциска грешка може да се појави корозија во долниот дел на хаубата.
Поради проблемот со продирање на вода во хаубата и корозијата што може да произлезе од тоа, 183.455 примероци од актуелната генерација на Corsa мораат да ги посетат сервисите на Opel. Сервисниот повик се однесува на возилата произведени во периодот меѓу 2010 и 2012 година. Според официјалните лица од Opel, при постојаните контроли на квалитетот во производството се откриени отстапувања во процесот на производство на предната хауба. Постои опасност водата од каросеријата да се слева во носечката структура на хаубата и таму да предизвика корозија.
По потреба ќе се врши замена на хаубата
Заради спречување на натамошно продирање вода во внатрешноста на хаубата дополнително ќе се изработат отвори низ кои што ќе истекува водата. Потоа, хаубата и нејзината внатрешна структура ќе се заштитат со восок. По потреба хаубата ќе се лакира одново или ќе се заменува, за што ќе бидат потребни околу пет часови во сервис.