Во новата генерација на Opel Astra може да се дише спокојно, а тоа е големо ветување во услови кога загаденоста во македонските градови достигнува срамота од светски размери. Точно тие PM-честички ги задржуваат изведбите на Opel Astra што располагаат со клима уред со техника Intelli-Air.
Тоа често ни се случува кога ќе дојде автомобил на тест во Аутомедиа. Во некои автомобили едноставно не се чувствува смрдеата од издувните гасови од сообраќајот, додека се чека пред семафор. Истото важи и надвор од град, кога се вози зад товарно возило или автобус. Во меѓувреме е реткост и на пат да се наиде на автомобил чијшто издувни гасови не доспеваат до кабината на возилата назад.
Во денешната Opel Astra може да се биде спокоен во тој поглед. Секако дека не станува збор за поштедување на патниците само од смрдеата, туку е многу поважно тоа што техниката спречува во кабината да допрат опасните неразградливи честички, нашите рекордерски PM-честички. Тоа се честички, што откако еднаш ќе продрат во организмот, остануваат засекогаш, како потенцијални предизвикувачи на понатамошни компликации.
Погонската техника во Opel Astra и самата се грижи за најниска можна емисија на штетни материи, согласно строгите еуро-норми.
Мариела Фоглер, главната инженерка за Opel Astra, кажува: „При развојот на новата генерација на Astra внимававме посебно на ‘квалитетот што се чувствува’, на секој детал што придонесува за тоа.“ Колку што е вложено труд и пари во безбедносна техника, толку е вложено и во здравјето на патниците. „Добрата клима во внатрешноста е решавачка за пријатното чувство – за тоа се грижи новиот систем за квалитет на воздух Intelli-Air“, објаснува германската инженерка.
Како што упатува и самото име, Intelli-Air е интелигентен, посебно делотворен систем за квалитетот на воздухот во кабината. Тој претставува спој од филтри за воздих и честилки со највисока ефикасност, со систем за надгледување на квалитетот на воздухот. Системот постојано контролира и кога ќе регистрира дека воздухот е неквалитетен префрлува на автоматска рециркулација на воздухот. Понатаму самиот систем се грижи да го одржува квалитетот на воздухот, преку регулирање на преклопникот за затворање на дотокот на воздух однадвор.
Кога воздухот е загаден, сензор AQS се грижи преклопникот да остане затворен и да не навлегуват штетни материи во кабината. Наспроти тоа, кога квалитетот на воздухот во кабината ќе се намали или не е оптимален – на пример доколку се пуши или поради прашина што е внесена во кабината преку облеката, преклопникот се отвора за патниците да добијат чист воздух.
На овој начин се одржува чистотата на воздухот. Возачот и патниците дури можат во секој момент да го видат квалитетот – преку големиот средишен дисплеј, каде што ефектно и прегледно се прикажува каков е воздухот во моментот.
На дисплејот се прикажува вредноста на загаденоста во круг во соодветна боја, светлозелена кога е чисто и црвена кога е загадено, слично на веб-сервисите што информираат за моментната загаденост ширум светот. Притоа се дава вредност соодветно на индексот AQI (Air Quality Index), којшто важи како светски стандард.
Квалитетот на воздухот во кабината се мери со сензор за честички PM 2.5, односно тоа е сензор што реагира на сите честички поголеми од 2,5 микрометри.
Комбиниран филтер со активен јаглен за заштита од гасови и лоша миризба
Покрај Intelli-Air, во Opel Astra штити и комбиниран филтер за честички и филтер со активен јаглен, каков што впрочем поседуваат и други модели на марката. Комбинираниот филтер со активен јаглен/ХЕПА–филтер се состои од два слоеви. Така се собираат честичките од воздухот, но и се спречува во кабината да доспеат гасови, како озон или миризба однадвор. Тоа што инженерите најмногу си го ценат: Поленот се задржува целосно.
Филтерот не задржува вода, што значи дека не мрзне во зима и не дозволува ширење бактерии. Покрај тоа, пропусноста на воздух останува непопречена. Филтерот се заменува еднаш годишно. Постои и посебен систем за надзор што му укажува на возачот кога филтерот е заситен.
Системот Intelli-Air е стандард во нивото Business Elegance, заедно со комбиниран филтер, односно чини 140 евра доплата во нивоата GS-Line, Elegance.