за

Букурешт нарача 100 тролејбуси од Solaris, загадувањето нула

Главниот град на Романија потпиша договор за сто тролејбуси Solaris Trollino 12, во вредност од 60 милиони евра.

Од крајот на 2024 година, во романската престолнина Букурешст ќе врват сто тролејбуси од полскиот производител Solaris. Делниците што не се покриени со електричен вод за напојување на електромоторот, тролејбусите ќе го минуваат со енергијата од сопствената батерија.

Полскиот производител Solaris Bus & Coach го доби тендерот на градот Букурешт, за испорака на сто тројелбуси. Договорот опфаќа 100 тролејбуси Solaris Trollino 12, вредни близу 60 милиони евра. Дванаесетметарските тролејбуси ќе бидат испорачани во романската престолнина кон завршетокот на 2024 година.

Со купувањето тролејбуси со нулта локална емисија на штетни материи, Букурешт вложува во подобрувањето на квалитетот на воздухот во градот. Со тролејбусите ќе располага претпријатието за превоз STB SA (Societatea de Transport Bucuresti).

За погон на 12-метарските тролejбуси служи електромотор со максимална моќност од 160 kW. Посебност на тролејбусите за Романија е тоа што во нив ќе биде вградена и батерија од 60 kWh. Оваа батерија ќе служи за напојување на погонскиот електромотор, на делниците што немаат поврзување со електричен вод. Батеријата ќе се полни во текот на возењето, при запирање и на надолнина, а преку ноќ таа ќе се остави за целосно полнење во депото.

Операторот, Општина Букурешт, на своите жители ќе им понуди максимален комфор и безбедност во градскиот превоз со тролејбусите. Во сите Trollino ќе бидат вградени клима уред, систем за надзор, монитори за информации, USB-полначи. Капацитетот е 90 патници, бројот на седишта е 25.

Букурешт е меѓу 8-те градови во Романија во коишто сообраќаат тролејбуси и електрични автобуси од Solaris, со нулта емисија на штетни материи. Од 2002 година, полскиот производител има испорачано близу 500 автобуси на претпријатија за градски превоз во Романија, вклучувајќи 180 возила од серијата Trollino и над 100 електрични автобуси Urbino.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Astra има филтер што чува од PM-честички

ID.7: Овој Volkswagen треба да ја запре Tesla Model 3