Првата електрична Opel Astra има премиера на салонот во Брисел

Тоа е уште еден знак колку автомобилскиот свет е сменет. Opel Astra, наследничка на Kadett, од годинава ќе биде достапна и во изведба што вози 100% на струја. На спортските изведби на новата подмарка GSe исто така им успева да извозат солидно растојание со приклучен хибриден погон.

Кога ќе се види Opel Astra L на улица, можно е дека таа вози на струја. Пред 41 година, Kadett D беше прв во долгата моделска низа, во којшто Opel вгради дизел мотор. Тогашниот 1.6 D беше изведен од бензинскиот 1.6 S, постигнуваше 55 КС и вртежен момент од 94 Nm. Следната голема сензација беше во генерацијата Kadett E, со вградувањето турбодизел мотор од 1,7 литар, со 82 КС, а подоцна и 1,5 литарец со 72 КС. Двата мотори потекнуваа од партнерот Isuzu, во тогашниот GM.

Салонот во Брисел се погоди точно за претставувањето на електричната Astra. Во 1982 година, таму имаше премиера првиот Kadett со дизел мотор. Во 2023 година, Astra на истото место доживува премиера во верзија што вози 100% на струја.

Стотото издание на Салонот на автомобили во Брисел за премиера на првата електрична Opel Astra

Заедно со Astra Electric, на големиот авто-собир во Белгија доживуваат премиера уште три модели на Opel. Првпат пред публика се појавуваат комби-моделот Astra Sports Tourer GSe и компактниот СУВ-модел Opel Grandland GSe. Двата модели се дел од новото потсемејство GSe, коешто се повикува на историските модели GS, односно тоа се спортски модели со ексклузивна опрема што ги поставува на врвно место во понудата на германската марка. За разлика од Opel Commodore GS и Monza GS (подоцна GS/E, со впрскување на гориво), новите модели со ознака GSe користат приклучен хибриден погон.

https://photos.app.goo.gl/NeKvrrQ5sQNv2tPk8

Премиера има и новата верзија на Mokka Electric, којашто со различна батерија од стандардната изведба постигнува досег подолг за 20 проценти. Тоа значи дека целата салонска четворка на Opel е електрифицирана, или како приклучен хибрид или како целосно електрилен модел.

https://photos.app.goo.gl/E3PsjKrjYHZHixkEA

Погонот на струја е сé повеќе симпатичен и за компаниите и за занаетчиите. За бизнисот, Opel на салонот ги прикажува Opel Combo-e и Opel Vivaro-e, ако целосно електрични модели.

Opel Astra Electric е носителка на наслов на „Златен Волан“, со најмногу гласови од читателите на магазинот Ауто Билд и високотиражниот неделник Билд ам Зонтаг во категоријата на модели до 50.000 евра

Батеријата на Astra Electric користи различна хемија во споредба со стандардните литиум-јон батерии, што овозможува подолг досег. Со големина од 54 kWh, батеријата испорачува енергија за 416 километри пат.

https://photos.app.goo.gl/aS8W3J2WLdg2Y2Aj9

Електричната архитектура на возилото дозволува користење брзи полначи со моќност до 100 kW. Во таков случај, батеријата се полни до 80% за само 30 минути. Тоа е време колку една набавка во супермаркет или круг во парк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Opel Belgium (@opelbelgium)

Крајната брзина е ограничена на 170 km/h. Максималната моќнсост на електромоторот изнесува 115 kW (156 КС), вртежниот момент е констактно на 270 њутнметри.

Цените на електричната Astra ќе бидат познати напролет, кога почнуваат и нарачките. Комби изведбата ќе се придружи наесен.

 

Претходна објаваJeep првпат во финале и веднаш титула на автомобил на годината за Avenger
Следна објаваСамо сто примероци: Mercedes AMG SL со изглед на Ф1

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here