Салонот на автомобили во Брисел првпат ја имаше честа, место салонот во Женева, да биде домаќин на доделувањето на наградите за автомобил на годината. Првпат и за Jeep: Avenger е прв целосно електричен модел на марката, прв финалист во трката за автомобил на годината во Европа, па и прв носител на престижната титула.
Jeep Avenger е победникот во изборот за Автомобил на 2023 година во Европа. Најважната титула на европската и светската сцена беше доделена на 13-ти јануари, на отворањето на Салонот на автомобили во Брисел.
Avenger освои 328 бодови и 21 победнички гласови од жирито на Автомобил на годината во Европа. Првиот електричен автомобил на американската марка ја понесе титулата во јубилејното 60-то издание на Изборот.
Жирото што се состои од 57 високо ценети автомобилски експерти од 22 европски држави, му додели 241 бодови на Volkswagen ID. Buzz. На електричното комби што се повикува на стилот и духот на славниот T1, на некогашниот хипимобил, самба бус, освои и 16 победнички гласови.
Третопласиран е Nissan Ariya, исто така електричен автомобил, со 211 бодови. Kia Niro е на четвртото место со 200 бодови од жирито. Renault обично не недостига меѓу финалистите, па така и нивниот Austral се најде на петтото место, освојувајќи 163 бодови. На фастбекот Peugeot 408 му припадна шестото место со 149 бодови, листата ја заокружува електричната двојка Subaru Solterra/Toyota bZ4X, со 133 бодови.
Прв носител на најстариот и најпрестижниот избор на автомобил на годината е Rover 2000, во 1964 година. Во трка тогаш беа уште славниот Mercedes 600 и Hillman Imp.
Деветте организатори и спонзори на изборот на Автомобил на годината во Европа се:
Auto (Италија) / Automobil Revue/Revue Automobile (Швајцарија) / Autocar (Велика Британија) / Autopista (Шпанија) / Auto Trends (Белгија) / Autovisie (Холандија) / Firmenauto (Германија) / L’Automobile Magazine (Франција) / Vi Bilägare (Шведска).