Само сто примероци: Mercedes AMG SL со изглед на Ф1

Луксузниот родстер Mercedes AMG SL, што е дизајниран од Славче Таневски, ја доживеа првата ексклузивна серија. „Motorsport Collectors Edition“ е лакиран во ексклузивна комбинација од две бои, заедно со контрастни детали што се повикуваат на боите на Petronas.

Како поздрав за завршената сезона во Формула 1, Mercedes-AMG подготви специјален модел од SL 63 4MATIC+. Во изгледот се препознаваат детали од тркачкиот болид Mercedes-AMG F1 W13 E PERFORMANCE. Највпечатлив е преодот од сребрена во црна боја. По страниците е изработена ѕвездената шема, а на тоа се додадени и контрасти во боите на Petronas. Овие бои се повторуваат во предниот спојлер, на праговите и на задниот дифузор.

Појавата во боите на тркачките болиди на Mercedes-AMG ја заокружуваат кованите тркала од 21 инчи, со 10 двојни краци и рабови во заштитната боја на Petronas.

Пакетот за аеродинамика секако дека не служи само за изглед: Крилцата во предниот и задниот браник се поголеми, исто и дифузорот има добиено на формат. Бројни зафати во мазниот под придонесуваат за аеродинамичноста да се подобри, во корист и на возните својства при високи брзини и на лесното пробивање низ воздухот.

Двојниот пакет AMG Night му дава дополнителен печат на „Motorsport Collectors Edition“. Посебноста е во тоа пто бројни каросериски детали се лакирани во сјајна црна боја. Тоа се однесува на предниот сплитер, на проширувањата на праговите, на капите на ретровизорите и на додатокот во задниот дифузор. Се забележуваат и затемнети завршетоци на издувните цевки.

https://photos.app.goo.gl/w5v8HQ6M9kPV9P5Q9

Вториот дел од овој пакет додава финиш во црна хром боја на маската, на ознаките на моделот и на ѕвездата назад. Внатрешноста на предните и задните светла е затемнета. Во црна боја се изведени и сопирачките клешти на композитните сопирачки. Поклопецот на резервоарот е изведен во сребро-хром финиш, секако со натпис „AMG“ што укажува дека станува збор за примерок од специјалната серија.

За спортските седишта AMG може да се избира меѓу две варијанти: Кожа напа и микрофибер во црна боја со црвени штепови или со жолти штепови. Во потпирачите за глава е втиснат грбот на AMG. Урасните детали се изведени од карбон, а скапиот материјал се вградува и во загреваниот волан.

https://photos.app.goo.gl/usmtKzULoRCaE1JG7

Опременоста е соодветна на модел што ќе постои во само сто примероци: Аудио езотерија Burmester High-End 3D‑Soundsystem, амбиентално осветлување, MBUX асистент, комплетен пакет системи за асистенција и проекциски дисплеј. AMG TRACK PACE ги бележи сите податоци при возење по тркачка патека. Mercedes-AMG нагласува дека станува збор за модел со неограничена применливост во секојдневието со пакетот зафати за зголемување на практичноста на багажникот. Осветлени прагови се стандард во ваква ексклузивна машина.

https://photos.app.goo.gl/7a6U3QyCvNnR4qLC9

Бидејќи станува збор за колекционерски примерок, Mercedes со SL 63 4Matic+ испорачува специјална церада со лого на AMG,, обложена со фланел, што пропушта воздух и одбива прашина.

Цената од 264.000 евра во Германија е релативна. Кога ќе доживее време да биде продаден, SL Collectors Edition веројатно ќе чини повеќе отколку што бил купен.

И секако, уште еднаш честитки до Славче Таневски, за дизајнот на нашиот Македонец во дизајнерскиот центар на Mercedes-Benz Cars во Зинделфинген.

https://photos.app.goo.gl/5H6MUtGFXo9UMyi96

https://photos.app.goo.gl/rDuH89ob5Nsf34Qh8

https://photos.app.goo.gl/BwvKY1gu7CAXw5e86

Претходна објаваПрвата електрична Opel Astra има премиера на салонот во Брисел
Следна објаваPolestar го изгради првиот авто-салон од снег

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here