Opel Astra е автомобил на годината во Јужна Африка

Тринаесеттата титула на автомобил на годината за Opel Astra пристига од Јужна Африка. Жирито на изборот му даде предност на компактот на Opel пред Audi A4 и Volkswagen Passat. Ова е воедно и првата титула што германската марка ја донесува под покривот на француската групација PSA.

Десетте финалисти се најдоа на завршно соочување на Кјалами, на легендарната тркачка патека за формула 1 во Јужна Африка, за жирито на националниот избор на автомобил на годината да го прогласи победикот за 2017 година. Opel Astra најмногу ги убеди членовите на јужноафриканското жири со 2.270 бодови, пред Audi A4 (2.339 бодови) и Volkswagen Passat (2.337 бодови).

Според Бернард Хелберг, претседател на жирито, „повеќепати одликуваната Opel Astra е како измислена за нашиот избор. Со спојот на инженерска умешност, задоволството во возење и противвредноста, Astra е достоен победник на најважниот избор во Јужна Африка.“ Убави зборови за автомобилот од марката што до минатата недела припаѓаше во неговиот концерн имаше и Јан Николс, директор на General Motors за јужна Африка: „Opel отсекогаш ги промовирал иновациите, на предизвиците одговарал со единствени решенија и на тој начин технологијата ја правел достапна за широк круг корисници. Astra е најдобриот пример за тоа.“

Со последниот триумф, Opel Astra веќе има 13 национални титули за автомобил на годината, а ова е прва титула освоена надвор од Европа. Германскиот компакт има постигнато победи во Хрватска, Данска, Финска, Литванија, Португалија, Романија, Шкотска, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија, а сега и во Јужна Африка.
Од стартот на актуелната генерација во 2015 година, Astra има постигнато околу 400.000 продажби, а под името Holden Astra се продава и во Нов Зеланд и Австралија. Во моделското портфолио на Holden во меѓувреме се вклучени и Insignia VXR, Cascada и GTC.

Претходна објаваSkoda подготвува електричен модел за салонот во Шангај
Следна објаваŠkoda Kodiaq стартува со продажба во Македонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here