за

Opel Adam има најдобро мрежно поврзување во класата

Со системот IntelliLink, најмалечкиот Opel е модел со најдобро мрежно поврзување во класата. Најголемата предност е истовремената компатибилност и со Apple iOS и со Andoid.

Во широкиот спектар на можности на IntelliLink меѓу другото спаѓаат апликацијата Tune-In за прием на која било радио станица во светот, навигацијата BringGo, како и Stitcher, апликација за прием на подкасти од интернет радио. Покрај тоа Adam нуди и целосна поддршка Siri Eyes Free за iPhone.

Најразличните апликации ја покажуваат флексибилноста на системот IntelliLink на Opel. Во него се опфатени многубројни функции на паметните телефони преку блутут или USB, во комбинација со екран на допир со висока резолуција и пречник од 7 инчи. Апликациите постојано се обновуваат преку IntelliLink, што претставува комплетно нова форма на инфотејнмент во возилото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Концептот Volkswagen Taigun ќе влезе во серија во 2016?

Новиот Audi A8 во завршно тестирање пред дебито во Франкфурт