Купувачите на најмалечкиот модел на Opel ќе чекаат на испорака на својот Karl подолго од очекуваното. Во фабриката во Кореја се вградувале погрешни сервомотори за вентилацијата.
Внатрешната контрола на производството во Opel утврдила дека во системот за вентилација и греење на кабината на Karl, во фабриката во Кореја се вградувале сервомотори со квалитет што отстапува од пропишаниот. Од германската марка наведуваат дека овој пропуст не влијае врз безбедноста во возењето на Karl, но сепак морало да се прекине испораката и да се провери во кои од произведените примероци се вградувале неквалитетни сервомотори. Прекинот на испораката ќе трае сé додека не се провери целата актуелна серија произведени примероци од најмалечкиот модел на Opel. Засега нема информации колку долго ќе трае овој прекин во испораката.
















