Opel ја зголеми продажбата, но расте и загубата

Последен пат германската марка со молња во логото забележа профит во 1999 година. Новите модели ја заживеаја продажбата, но Opel и натаму работи со загуба, со мали изгледи за подобрување во скоро време.

Европските марки на американскиот General Motors – германскиот Opel и британската сестра Vauxhall – не успеаја да постигнат позитивитни резултати од работата ниту во ланската година. Шефот на Opel, Карл-Томас Нојман, во интервју за германскиот Auto Bild изрази надеж дека компанијата конечно ќе се врати во зоната на профитот во 2016 година. Американците за последен пат имале корист од продажбата на автомобилите на нивните европски марки Opel и Vauxhall во 1999 година.

Загубите продолжија да растат во последните месеци, откако марката Opel мораше да се повлече од големиот руски пазар, поради слабиот интерес за нивните возила. Opel мораше да ја затвори и фабриката во Санкт Петерсбург, а од пазарот се повлече и Chevrolet. Русија е трет најголем пазар на General Motors во Европа. Според оперативните резултати за третиот квартал од ланската година, Opel има изгубено дополнителни 200 милиони долари, што е помалку во споредба со истиот период преклани, кога компанијата имаше двојно поголема загуба. Со тоа пропаднаа надежите од вториот квартал, кога бизнисот беше доведен на нула.

Во интервјуто за Auto Bild, Нојман продолжува: „Имавме еден квартал во кој за малку ќе влезевме во црно. Но, во целина, успеавме значително да ги намалиме трошоците во првите три квартали од 2015“.

Претходна објаваВо Лас Вегас се прикажува иднината на возењето (со) автомобил
Следна објаваRenault-Nissan ќе претстави десет „самовозечки“ модели до 2020

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here