за

Opel во паника: Шефот Нојман со писма до 300 менаџери

Шефицата на General Motors Мери Бара и шефот на Opel, Карл-Томас Нојман покрај фејслифтот на Opel Corsa. Дали првата дама на GM наскоро ќе означи крај и за Opel, исто како што претходно се случи со Chevrolet?

Европската марка на General Motors ќе паѓа во уште подлабока криза со загубата од 18 милијарди долари во последните десетина години. Падот на рускиот пазар може да ја докрајчи марката.

Првиот човек на Opel, Карл-Томас Нојман уште еднаш им испрати јасна порака на американските шефови во General Motors дека неговата марка нема да успее со планот да излезе од криза до 2016 година. Шефот на европската марка на General Motors панично им испрати 300 писма на неговите претпоставени во Детроит.

Opel инвестираше масивно во нови модели и техника во последните неколку години, во надеж дека ќе ја спаси својата иднина на европскиот пазар. Но, сé помали се изгледите дека загубата од 18 милијарди долари ќе се покрие во следниот период. Единствен надеж на Opel во моментов е фејслифтот на Corsa, но заработката во класата на овој модел е премногу мала за да може да се очекува поголем импакт врз буџетот на некогаш успешната марка. Завршниот удар за Opel може да биде масивното опаѓање на продажбата на рускиот пазар и ослабнувањето на рубљата, на што марката реагираше со прекинување на производството. Русија моментно е трет најголем пазар за Opel.

Нојман го испратил писмото до своите 300 претпоставени во Детроит откако на последната средба на врвно ниво забележал дека тие се премногу ентузијастички расположени за иднината на Opel. Очигледно дека на американските шефови не им биле „сервирани“ вистинските бројки.

Многу имиња се сменија на шефовското место во Opel во последниве години. Актуелниот шеф Нојман очекува дека Opel ќе може да ги врати цените на своите модели на нормално ниво и на заработка од 5 проценти дури во 2022 година. Конкуренцијата дотогаш нема да мирува.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

40 години од првиот Porsche 911 Turbo

Отсега и Jaguar ќе се произведува во Кина