за ,

Opel ќе прикаже дури седум премиери во Франкфурт

На површина на штандот од 3.200 метри квадратни, од 12-ти до 22-ри септември ќе бидат прикажани седумте светски премиери на Opel на најзначајниот салон во оваа година.

Актуелниот знаменосец на марката што вози под знакот на молњата, Opel Insignia OPC, претрпе темелно моделско освежување, заедно со останатите изведби од гамата на моделот од средната класа. Покрај Opel-Insignia-OPC-287562-mediumосвежениот изглед, Insignia доби преработено подвозје и нова генерација на радија. Шестцилиндарецот од 2,8 литри со турбонатполнење и 325 КС го катапултира големиот Opel за шест секунди до темпо 100 и во нелимитираната изведба постигнува крајна брзина од 270 километри на час.

Country Tourer: Авантуристот во гамата на Insignia

 

Новитет во гамата на Insignia е комбито Country Tourer, кое што првенствено ќе ги привлекува авантуристите, како и оние возачи што ги ценат предностите на погонот на сите тркала, но не го сакаат имиџот на спортските теренци. Под моторот и менувачот се поставени цврсти челични плочи, за заштита при излети надвор од асфалтот, а истата функција ја имаат и панелите под предната и задната оска.

Opel-Insignia-Country-Tourer-287545-medium

Мускулестиот настап е оправдан со моќните мотори, меѓу кои дволитарскиот бензинец со турбонатполнење и директно впрскување SIDI со 250 КС и супердизелот 2.0 BiTurbo CDTI со 195 KС.

Monza Concept ја најавува иднината на марката

 

Opel-Monza-Concept-287683-medium

Ефикасноста и конективноста ќе бидат централни точки во развојот на идните модели и Opel го најавува тоа со концептот Monza. Покрај маркантните линии на каросеријата, купето остава впечаток со инструмент таблата која што се протега од врата до врата и на која што информациите се прикажуваат преку проекциска технологија.

Поголем избор и подобро поврзување на Opel Adam

cq5dam.web.1280.1280

Најмалечкиот модел на Opel се покажа како голем погодок. Купувачите имаат голем избор на можности за индивидуализација на возилото, а Adam дополнително важи и како автомобил со најдобри можности за поврзување со надворешни комуникациски уреди во класата. За продажбата да се задржи на високо ниво, дизајнерите на Opel додадоа неколку нови бои за каросеријата и за покривот, бандажи со нов дизајн и нов декор во кабината. Сопствениците на Adam кои користат iPhone можат да го активираат Siri Eyes Free преку копчињата на воланот и да ракуваат преку говорни команди, без потреба од тргање на погледот од патот.

1,0 SIDI-Turbo: Три цилиндри и 115 КС

Со три комплетно нови семејства на мотори и вкупно 13 нови мотори, Opel ќе обнови 80 проценти од својата понуда на мотори до 2016 година. Премиера во Франкфурт ќе има новиот трицилиндарец од еден литар, со турбонатполнење и директно впрскување, кој постигнува 115 КС и 116 њутнметри. Исто како кај 1,6-литарските бензинци и дизелите со истата работна зафатнина од новата генерација, трицилндарецот се одликува со смирена работа и рамномерно ослободување на моќноста како услов за намалување на потрошувачката на гориво. Моторот ќе го има првото вградување во Opel, заедно со новата генерација на мануелни менувачи со шест степени.

200 КС за поголем провев во Cascada

Opel-Cascada-287400-medium

Една класа погоре од еднолитарскиот мотор е позициониран 1.6 SIDI Turbo во најсилната изведба, со 200 КС и 300 њунтметри, што се врвни вредности во конкуренцијата. Со овој мотор, кабриолетот Cascada постигнува крајна брзина од 235 km/h. Opel го вградува 1,6-литарскиот мотор во кабриолетот и во верзијата со 170 КС, која што беше претставена пролетоска.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најава за идниот S-Max: Овој Ford го повикува докторот

BMW i8: Најпрогресивниот спортски автомобил на денешницата