Opel и PSA ќе произведуваат заеднички ван од 2016 година

Наследниците на Opel Zafira и Citroen Picasso година ќе се произведуваат еднододруго во фабриката на Opel во Сарагоса, Шпанија. Ванот е прв од трите заеднички модели на GM и PSA

Како што беше објавено претходно, техничката платформа на заедничкиот ван, вклучувајќи ги сите погонски единици, ќе потекнува од PSA Peugeot Citroen, додека инженерскиот тим на Opel ќе биде задолжен за производството. Ванот е прв од трите заеднички модели што се предвидени со договорот потпишан во минатиот декември.

Продажбата на заедничкиот ван на Opel и PSA ќе започне кон крајот на 2016 година. Изгледот на моделите на обата партнера ќе се разликува значително, во согласност со различниот визуелен идентитет на марките.

Претходна објаваAudi Q1 пристигнува во 2016 година
Следна објаваDacia им продаде 300.000 возила на Германците

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here