за

Opel и Peugeot веќе се разделуваат?

Соработката меѓу PSA Peugeot Citroen и General Motors е пред крај. Со тоа отпаѓа и планот на Французите да заштедат многу пари со заедничкиот развој на модели со американскиот гигант.

Повторно лоши вести за вториот најголем производител на автомобили во Европа, PSA Peugeot Citroen. Французите стравуваат дека ќе пропадне планот за заштеда преку заеднички развој на нови модели со мајката на Opel, General Motors. Станува збор за 720 милиони евра кои што требаше да останат во касата на PSA.

Причина за откажувањето на партнерството е можното зголемување на капиталот кај PSA, за кое што веќе подолго време се шпекулира во браншата. Новите пари ќе дојдат од кинескиот партнер Dongfeng, но и од француската држава. Според медиските шпекулации, се работи за три милијарди евра, со кои што Французите планираат да ги покријат идните проекти. General Motors досега не реагираше за можното зголемување на капиталот во PSA, иако тоа би значело драстично намалување на нивниот удел во акциите на францускиот производител. Моментно Американците поседуваат седум проценти од акциите на PSA. General Motors само соопшти дека соработката со PSA ќе продолжи само во набавките и во сегментот на вановите.

GM и разнишаниот конкурент на Volkswagen во почетокот на октомври објавија дека заеднички ќе произведуваат модели во нивните фабрки. Французите во иднина ќе го произведуваат нивниот мини ван Citroen C3 Picasso во фабриката на General Motors во Сарагоса во Шпанија, паралелно со идната генерација на Opel Meriva. Покрај тоа, обата гиганта би требало да заштедат околу 60 милиони евра преку заедничките набавки во тековната година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Германска педантерија: Кои марки имаат најверни клиенти?

WAZUMA!!! Ова мора да е брзо!