Како работи хибридниот погон во Нисан

Нисан користи посебен вид на хибриден погон, што го води како е-Пауер. Тоа е сериски хибриден систем, различен од пaралелните системи.

Нисан ја докажува техничката експертиза со користењето сериски хибриден погон

Срцето на Нисан Кашкај 1.5 е-Пауер е неговиот сериски хибриден погон. За разлика од паралелните хибридни системи, кај коишто и моторот и електромоторот може да ги задвижуваат тркалата, тука погонот е задача исклучиво на електромоторот.

Бензинецот од 1,5 литар со три цилиндри, што е посебен по тоа што применува варијабилен степен на компресија, работи како генератор. Електричната енергија се насочува кон батеријата со капацитет од 2,1 киловатчасови. Таа енергија се испорачува кон електромоторот, што располага со максимална моќност од 151 кВ/205 КС (во спортски режим, инаку 190 КС) и вртежен момент од 330 њутнметри.

На овој начин, Нисан Кашкај постигнува рамномерно и тивко возење, што многу потсеќа на целосно електричните возила.

Целта на посебната погонска техника е штедливоста

Тоа што дополнително ќе им го привлече вниманието на техничките ентузијасти секако дека е променливиот степен на компресија. Моторот од 1,5 литар со турбонатполнење и 158 КС/237 њутнметри, постигнува распон на степенот на компресија од 8:1 до 14:1. Оваа технологија има за цел да постигне најефикасна работа во различни режими на возење, односно да работи штедливо и при ниски и при високи вртежи.

Посебен механизам се грижи за тоа, одот на клиповите да се зголеми и на тој начин да се постигне повисока компресија, што е од корист при пониско оптоварување на моторот, односно кога не се притиска многу врз гасот.

Инженерите на Нисан презедоа зафати да ја смалат и тежината на самиот погон. Тоа е постигнато со сместување на електромоторот, генераторот и на инвертерот во заедничко куќиште. Тоа донесе заштеда од 28 килограми. Пониската тежина е добра и за штедливоста, но им годи и на возните својства.

Кашкај е-Пауер се покажува на дело најмногу во град. Електромоторот овозможува речиси безшумно возење. При секое отпуштање на гасот, електромоторот го користи залетот за да ја дополни батеријата.

Спринт до темпо сто за 7,6 секунди, крајната брзина ограничена на 170 км/ч

Бензинецот се вклучува речиси неосетно. Тој почнува да се слуша дури при посилно оптоварување, но пак е потивок во споредба со обичен погон. Според фабрика, потрошувачката на Нисан Кашкај 1.5 е-Пауер изнесува, во литри на 100 километри:

  • град: 4,0
  • приградски: 3,5
  • спореден пат: 3,9
  • автопат: 5,8
  • просек: 4,5

За СУВ од компакт класа, долго 4,4 метри и тешко близу 1,7 тон, тоа се исклучително ниски вредности.

Nissan Qashqai with new e-POWER achieves 5.4l/100km in ADAC Ecotest

Разликата од останатите хибриди

Во споредба со паралелните хибридни системи, серискиот хибрид на Кашкај нуди низа предности. Бидејќи моторот не е поврзан со тркалата, тој може постојано да работи во оптималното подрачје, во коешто работи најефикасно, односно со најниската мошна потрошувачка на гориво во дадените услови на возење. Паралелен хибрид користат, меѓу другите, Тојота, Киа и Хјундаи.

Покрај тоа, одржувањето и сервисирањето се многу поедноставни, затоа што нема сложени врски меѓу моторот и електормоторот. Предноста во споредба со приклучните хибриди е во цената, за што придонесува фактот што во е-Пауер е доволен обичен редукциски преносен механизам, односно нема потреба од скап и сложен менувач, било автоматски, со двојна спојка или безстепен.

Претходна објаваМерцедес-Бенц ја качи продажбата во првиот квартал насекаде, освен во Кина
Следна објаваКиа Спортаж и по фејслифтот доаѓа во изведба Блек Едишн

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here